Skip to main content
European Commission logo
European School Education Platform
Tutorials

Како да внесете иновативни ИТ алатки во училницата

Едукаторите имаат пристап до широк дијапазон иновативни дигитални алатки онлајн. Во оваа статија, ќе разгледаме некои алатки кои можат да помогнат во трансформирањето на секторот на училишно образование.
children experimenting in the classroom
Adobe Stock / Yakobchuk Olena

Терминот „иновација“ буди слики на нови идеи, алатки и начини на работа. Иновативните алатки можат да помогнат процесот на учење да стане повозбудлив и подинамичен. Пандемијата без сомнение ја забрза дигиталната трансформација во образовниот сектор. Во овој контекст, користењето дигитални алатки за унапредување на учењето може да биде добредојдена промена во наставната програма во голем број училници.

 

Меѓутоа, важно е да се грижиме за безбедноста на учениците онлајн кога ги користиме овие технологии, како и да внимаваме на прашања што се однесуваат на плагијаторство и злоупотреба на податоци онлајн.

 

Алатките претставени во продолжение се дадени само како пример и не значи дека сите други алатки треба да се исклучат. На крајот на краиштата, најважната иновативна алатка што училиштата ја имаат се нивните наставници.

 

Роботика во училницата

 

Роботиката во образованието е поле во подем и таа претставува одличен начин да се поттикнат вештините за критичко размислување и решавање проблеми меѓу учениците. Кодирањето е суштинска компонента во спроведувањето проекти со роботика и е олеснето преку софтвери како што се Code with Google или платформата Microsoft MakeCode. Учениците можат да ги користат овие бесплатни онлајн платформи за да ги подобрат своите вештини за кодирање, да креираат игри, па дури и да пишуваат програми за micro:bit. Овој џебен комплет за роботика е совршен вовед во практичната роботика за ученици од сите возрасти и содржи најразлични бесплатни ресурси и упатства.  

 

Исто така, погледнете ги ресурсите што се нудат во рамки на Европската недела на кодирање за комбинирање на поправањето и роботиката или користење на Beebot robot.

 

Во видеозаписот е прикажано како се користи MakeCode за програмирање micro:bit.

 

 

 

 

Вештачка интелигенција во образованието

 

Вештачката интелигенција (ВИ) има одличен потенцијал да ги трансформира образованието и оспособувањето на учениците, наставниците и на училишниот кадар. На пример, може да помогне да се намали појавата на предвремено напуштање на образованието или пак да ги компензира тешкотиите во учењето. Исто така, може да се користи за да им помогне на наставниците со диференцираното или индивидуализирано учење преку апликации за учење јазици, генератори на текст во говор, ментори со ВИ за учениците, и друго.

 

Адаптивното учење е образовен метод којшто користи ВИ и компјутерски алгоритми за да им обезбеди на учениците ресурси и активности по мерка со цел задоволување на нивните индивидуални потреби за учење. „EdApp“ е бесплатна платформа за адаптивно учење која им овозможува на наставниците да ги откријат пропустите во учењето на учениците и да им обезбедат решенија за персонализирано учење. Во Белгија, платформата „Kabas“ за учење во основно образование ја разви „Kai“, алатка за заедничко подучување дизајнирана да понуди правовремени вежби и насоки за учениците. На тој начин се обезбедува секое дете да има најоптимална патека на учење.

 

Чет-ботови како Duolingo го користат адаптивното учење за подучување странски јазици. Зошто да не одиме чекор понатаму и да го испробаме Duolingo за училишта, кој им дава на наставниците увид за тие да можат да го следат напредокот на нивните ученици. За полесно да го вметнете Duolingo во вашата училница, погледнете ги нивните едноставни водичи.

 

 

 

Имерсивно учење со проширена реалност

 

Едукаторите мора да бидат постојано во тек со најновите методи за задржување на вниманието на учениците во училницата. Прифаќањето на новите технологии, како што е проширената реалност (XR), може да помогне да се премости јазот помеѓу генерациите. Наместо да се следи традиционалниот стил на настава со табла, XR нуди целосно имерсивно искуство на учење каде образованието станува забавно, релевантно и привлечно.

 

Spatial е пример за имерсивна платформа каде наставниците и учениците можат да создаваат, да споделуваат и да истражуваат 3D доживувања. Истовремено, Google Expeditions им овозможува на паралелките/класовите да одат на виртуелни екскурзии на места како Монт Еверест и Лувр. Екскурзиите се категоризирани по предмет, како на пример, наука и технологија, уметност, природонаука и географија.

 

 

 

Учење засновано на дигитални игри и игрификација

 

Учењето засновано на игри се појави како ветувачки елемент во насока на надополнување и подобрување на реализацијата на наставната содржина. Игрите можат да понудат низа корисни техники на учење, како што се истражувачкото учење, учењето засновано на истражувања, учењето преку обиди и грешки, учењето преку практика и така натаму.

 

Меѓу примерите е вклучен Google Read Along којшто се служи со игрифицирани функции како поени и беџови за да им се помогне на учениците да останат мотивирани, а притоа да ја подобрат својата писменост. Едукаторите може да направат и учењето да биде поинтерактивно со помош на Genially, којшто ги претвора задачите во забавни квизови и игри за учениците!

 

За дополнителни ресурси, едукаторите може да погледнат во овој прирачник за наставници за користење едукативни игри во училницата, изработен од ISFE и European Schoolnet.

 

 

Additional information

  • Education type:
    Early Childhood Education and Care
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Early childhood education (ISCED 0)
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)