Саем и натпревар Науката е прекрасна!

Европската Комисија финансира извонредни истражувачи за да спроведат темелно истражување за тема која ним им е важна преку Дејствата на Марија Склодовска-Кири (МЅСА). За да се прослави вредноста на истражувањето финансирано од ЕУ, Науката е Прекраснаl! им дава можност на учениците од основните и средните училишта да комуницираат со истражувачи финансирани од страна на МЅСА.
Како да се вклучите
Во март 2023, Науката е Прекрасна! ќе биде домаќин на следното издание на годинешниот дводневен саем за наука во Брисел, на кој ќе присуствуваат 100 истражувачи од Европа. Саемот прикажува МЅСА истражувачки проекти преку интерактивни експерименти и игри, истовремено овозможувајќи им на учениците да комуницираат со истражувачите и да дознаат за можностите за кариера во науката.
Во текот на учебната година, наставниците исто така можат да пристапат до дигиталната архива на Науката е Прекрасна! која содржи избор на ангажирачки активности за учење за ученици развиена од страна на МЅСА истражувачи.
Натпревар „Експертимент за Училницата“
Ако сте наставник или истражувач со идеја за тоа како како да се привлече интересот на учениците за истражување и наука, може да се здружите за да кокреирате материјал за учење преку натпреварот „Експертимент за Училницата“, организиран преку иницијативата Науката е Прекрасна!. Заедно, може да подготвите активност како експеримент, квиз или игра со научна примена во вистинскиот живот.
Најдобрите три предлози ќе бидат професионално креирани и преведени на неколку јазици на ЕУ од страна на Европската Комисија. Тие исто така ќе бидат истакнати на веб-страната на Науката е Прекрасна!.
Наставниците кои што ќе победат ќе добијат патување со сите платени трошоци во Брисел, со нивните ученици за да присуствуваат на следниот саем на Науката е Прекрасна! во март 2023 година, со што ќе имаат единствена можност да комуницираат со 100 истражувачи од цела ЕУ. Но исто така може да има подготвено мало изненадување за другите придонеси, исто така.
Заинтересирани сте да учествувате? Посетете ја веб-страницата за да дознаете повеќе. Пријавувањето е отворено до 1 декември 2022 година.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)