Skip to main content
European School Education Platform
Label

eTwinning School Label

Училиштата на кои им се доделува Ознаката за еТвининг училиште се одличен пример за тоа како целото училиште може да има придобивки од еТвининг. Тие се активни во спроведувањето и промовирањето на вредностите и педагогијата на еТвининг, претставуваат референтна точка за нивната локална заедница, како и модел за другите училишта.
Image: Certificate
Image: Certificate

Што претставува Ознаката за еТвининг училиште?

 

еТвининг училиштата ги вградуваат вредностите на еТвининг во своите политики, практики и во професионалниот развој, со поддршка на училишното раководство.

 

Со Ознаката за еТвининг училиште, еТвининг ги препознава и вреднува вклученоста, заложбата и посветеноста не само на индивидуалните еТвинери, туку и на целото училиште, каде тимови на наставници и училишни лидери работат заедно.

 

Училиштата на кои им се доделува Ознаката се подготвени и расположени да се вклучат во развојниот пат со активности кои може објективно да се оценуваат.

 

Мисијата на еТвининг училиштата е компасот на сите еТвининг училишта. Таа ги истакнува елементите како што се:

 

  • Заедничко лидерство
  • Соработка и тимска работа
  • Капацитет за делување на учениците
  • Инклузија и иновација
  • Претставување пример за другите училишта.

Кои се придобивките?

 

еТвининг училиштата:

 

  • Официјално се признаени на европско ниво како модел за еТвининг и сочинуваат мрежа на водечки училишта кои служат како инспирација за идниот развој на делувањето. Сите еТвининг училишта го добиваат Комплетот за еТвининг училиште кој содржи плакета и знаме.
  • Се мошне видливи на европско ниво и се охрабрени да ја изложуваат својата Ознака за еТвининг училиште во промотивни и информативни материјали.
  • Се поттикнати да учествуваат во наменски програми за професионален развој
  • Се дел од посебна група на еТвининг за споделување добри практики, соработка и присуство на ексклузивни онлајн настани.

 

Како училиштата може да ја добијат Ознаката за еТвининг училиште?

 

Постапката за добивање на Ознаката за еТвининг училиште се состои од две фази.

 

Прва фаза

 

еТвининг ќе изврши претселекција на сите училишта кои:

 

  • се регистрирани на еТвининг подолго од две години
  • имаат најмалку три наставници што биле вклучени во проекти на еТвининг, програми за професионален развој или други активности на еТвининг во последните две години
  • биле вклучени во најмалку еден европски проект на еТвининг кој добил Национална ознака за квалитет во периодот од две години пред датумот на аплицирање.

 

 

Ако училиштето ги исполнува овие услови, сите регистрирани еТвинери од тоа училиште ќе добијат покана по е-пошта да го пополнат формуларот за аплицирање преку European School Education Platform.

 

Втора фаза

 

Апликантите мора да пополнат формулар за аплицирање во кој ќе опишат како нивното училиште осмислува, спроведува и планира активности поврзани со Мисијата на еТвининг училиштата: притоа мора да се обезбедат и некои докази.

 

Националната организација за поддршка ќе изврши евалуација на секоја апликација, анализирајќи ги истовремено и описот и доказите, и оценувајќи ги активностите и потенцијалот на училиштето.

 

Ако апликацијата биде одбиена од Националната организација за поддршка, таа може повторно да се поднесе – со подобар опис и докази – сè додека не измине рокот.  

 

Точната временска рамка за аплицирање и периодите на евалуација се објавуваат на платформата неколку недели пред отпочнувањето на постапката за аплицирање.

 

Како да аплицирате

 

  • Директорот на училиштето и колегите кои се дел од еТвининг треба да бидат вклучени во подготовката на апликацијата.
  • Апликантите мора да одговорат на сите прашања од формуларот за аплицирање и да обезбедат докази кога тоа ќе биде побарано.
  • Едно од прелиминарните прашања се однесува на политиката за е-безбедност во училиштето, каде од апликантите се бара да обезбедат докази.
  • Другите прашања вклучуваат низа искази за секој од елементите од Мисијата на еТвининг училиштата. Апликантите мора да опишат како нивното училиште ги спроведува, како и да обезбедат докази.
  • За секој исказ од мисијата, од апликантот ќе се бара да опише што училиштето планира да направи во следните две години доколку ја добие Ознаката за еТвининг училиште.
  • Апликацијата треба да биде придружена со изјава потпишана од директорот на училиштето.
  • Поднесувањето, или повторното поднесување, се прави пред истекување на рокот.
  • Поднесените апликации ги прегледува Националната организација за поддршка. Во случај апликацијата да биде одбиена, таа може повторно да се поднесе со дополнителни детали пред истекување на рокот.

 

Совети:

 

  • Секое училиште треба да одлучи кој ќе ја поднесе апликацијата преку eTwinning Live. Се прифаќа само по една апликација од училиште.
  • Формуларот не мора да се пополни во текот на една сесија и може да се зачува во нацрт-форма. Кликнете на копчето за поднесување само откако ќе го пополните формуларот.

 

Списокот на училишта кои ја добиле Ознаката за еТвининг училиште се објавува на почетокот од секоја година.