Skip to main content
European School Education Platform
Survey

Анкета за писменоста и за училишните библиотеки - Резултати

Голем број училишни библиотеки играат важна улога во унапредувањето на писменоста и во поддршката на нови педагошки практики. 
Books in a library

Училишните библиотеки можат да помогнат во самонасоченото учење надвор од формалната средина на подучување во училницата. Тие нудат алтернативен пат до знаење и вештини преку обезбедување ресурси и простор за учење. Училишните библиотеки може да бидат и место каде учениците ќе можат да го надградат знаењето стекнато на часовите, да читаат од задоволство или да спроведуваат истражувања, понекогаш со помош на квалификуван кадар.

Писменоста претставува способност за разбирање, изразување и толкување концепти во усна и писмена форма. Таа подразбира способност за комуникација и ефективно поврзување со другите на соодветен и креативен начин (Препорака на Советот за клучни компетенции за доживотно учење, 2018 год.).

Како во вашата училишна библиотека се развиваат вештините за читање и љубовта кон книгите? Како таа се има променето со цел да ги одразува потребите на наставниците и учениците?

 

Оваа анкета имаше за цел да ги измери ставовите за училишните библиотеки и писменоста. Беше отворена од 1 септември до 1 ноември 2022 година и привлече 129 испитаници од 25 земји од кои 69% беа наставници или училишни лидери, а приближно 16% беаперсонал за поддршка во училиште како што се библиотекари.

Резултати (N = 129)

1 - Изберете ги сите што важат за вашето училиште или за некое училиште што го знаете

95% од испитаниците наведоа дека нивното училиште има библиотека, а повеќе од половина (55%) наведоа дека нивната училишна библиотека добива нови книги најмалку еднаш годишно. Дополнително, 53% од испитаниците изјавија дека има училишен библиотекар и дека нивното училиште соработува со локалната јавна библиотека.

Во врска со користењето на училишната библиотека, околу 46% од испитаниците наведоа дека најголем дел од учениците ја користат редовно, додека 27% наведоа дека наставниците ја користат најмалку на неделно ниво. Околу 22% споменаа дека библиотекарските услуги на училиштето се намалени во последните неколку години и само 5% рекоа дека училишната библиотека моментално е посветена повеќе на дигитална содржина отколку на книги.

literacy and school libraries - survey graph 1
  1. Училиштето има училишна библиотека
  2. Училиштето соработува со локалната јавна библиотека
  3. Библиотечните услуги на училиштето се намалија во изминативе неколку години
  4. Училишната библиотека сега се фокусира повеќе на дигитална содржина отколку на книги
  5. Училиштето има библиотекар кој е исклучиво одговорен за библиотеката
  6. Повеќето ученици редовно ја користат училишната библиотека
  7. Наставниците ја користат библиотеката за потребите на нивната работа најмалку еднаш неделно
  8. Се набавуваат нови книги за училишната библиотека најмалку еднаш годишно

 

2 - Според вас, кои се главните задачи на училишните библиотеки


Според испитаниците, трите главни задачи на училишните библиотеки се поттикнување на читањето за задоволство (67 %), помагање на учениците да станат критички корисници на информации (59 %) и подигање на нивото на писменост и постигнувања (46 %).

Помалку цитираните задачи вклучуваат промоција на неформалното учење преку активности после училиште (24 %), обезбедување на пристап до интернет и онлајн ресурси (22 %), нудење тивка средина за учење и обезбедување наставни ресурси/материјали за наставниците (за двете по 17 %).

Пониски стапки беа забележани во однос на квалификуваниот персонал во библиотеката којшто ги насочува учениците во нивното учење (15 %), печатени книги и материјали за учење (14 %), и обезбедување простор за состаноци на училишниот персонал, учениците и родителите (10 %).

literacy and school libraries - survey graph 2
  1. Обезбедување книги во печатена форма и печатени материјали за учење
  2. Подигнување на нивото на писменост и училиштен успех
  3. Обезбедување тивко место за учење
  4. Обезбедување насоки од квалификуван кадар на училишната библиотека со цел да им се помогне на учениците во учењето
  5. Обезбедување пристап до интернет, е-книги, дигитални алатки и онлајн ресурси
  6. Обезбедување наставни ресурси и материјали за наставниците
  7. Да биде место за средба на училишниот кадар, учениците и родителите
  8. Да им помогне на учениците да станат критички корисници на информации
  9. Промовирање на неформалното учење преку организирање вонучилишни активности, како на пример читачки клубови
  10. Поттикнување читање од задоволство

 

3 - Според вас, колку се следниве стратегии ефективни за развивање на писменоста?


Според анкетните испитаници, најефективните стратегии за развивање на писменоста кај учениците се поттикнувањето на учениците да читаат книги по нивен избор во библиотеката (94 % го оценуваат ова како многу ефективно или ефективно) и организирање на редовни активности поврзани со читање, како на пример поканување локални писатели и поети да зборуваат за нивните книги (91 %).

Три други стратегии се сметаа за ефективни или многу ефективни: формирање литературен клуб во училиште (87 %), воспоставување на поблиски врски меѓу училиштето и локалната јавна библиотека (78 %), и вклучувањето на родителите во читањето на учениците (78 %) и поттикнувањето на програми за читање на глас (78 %).

Некои помалку популарни, но сепак сметани за ефективни стратегии кај најголем дел од испитаниците беа обезбедувањето на стимулации и награди за читањето за задоволство (74 %) и определување на одредено време во библиотеката наменето за самостојно читање (68 %).

literacy and school libraries - survey graph 3

 

  Многу ефективни
 Ефективни
 Ниту ефективни, ниту неефективни
 Неефективни
 Многу неефективни

 

  1. Поттикнување на учениците да читаат книги по свој избор во библиотеката
  2. Определување одредено време во библиотеката за самостојно читање од задоволство
  3. Обезбедување стимул и награди за читање од задоволство (на пр. ваучери за книги, бесплатни книги, награди во форма на книги, специјални денови и настани)
  4. Вклучување на родителите во читањето на учениците (на пр. читање дома, децата да им читаат на родителите, родителите да им читаат на децата)
  5. Воспоставување потесни врски помеѓу училишната библиотека и локалната јавна библиотека
  6. Организирање редовни активности поврзани со читање, како на пример канење локални писатели и поети за зборуваат за своите книги
  7. Формирање читателски клуб во училиштето
  8. Поттикнување програми за читање на глас

 

4 - Изберете три сценарија кои очекувате да станат реалност во иднина


Кога беа прашани за идните сценарија за училишните библиотеки, најголем дел од испитаниците (58 %) ги гледаат како стануваат простори за учење или ресурсни центри кои поддржуваат самонасочено учење, диференцијација и учење засновано на проекти (56%). Речиси половина од нив ги гледаат како простори за виртуелно учење (46 %) и за промовирање на соработка помеѓу библиотекарите и одделенските наставници (44 %). Имаше мала поддршка за сценарија во кои училишните библиотеки се заменети со други простори (13 %), учениците повеќе ги користат социјалните медиуми за да добијат информации за библиотеката (12 %) или каде што има помалку печатени книги (11 %).

literacy and school libraries - survey graph 4
  1. Поголема соработка меѓу библиотекарите и одделенските наставници (на пр. заедничко подучување)
  2. Повеќе училишта имаат свои сопствени библиотеки
  3. Потесна соработка меѓу координаторите за дигитално учење и училишните библиотекари
  4. Библиотеката поддржува самонасочено учење, диференцијација и учење засновано на проекти
  5. Библиотеките функционираат првенствено како простори за учење или ресурсни центри (каде книгите се еден од многуте ресурси, на исто ниво како дигиталните, аудио и другите ресурси)
  6. Училишните библиотеки ќе бидат заменети со други простори, како на пример повеќе училници или лаборатории
  7. Помалку книги во печатена форма во библиотеката
  8. Библиотеките како виртуелен простор за учење кој е достапен за сите, во секое време, насекаде и на кој било уред
  9. Зголемено користење на социјалните медиуми за учениците да пристапат до информации за просторите за учење достапноста на книги во библиотеката

 

Заклучок


Иако анкетата имаше релативно ниска стапка на одговор споредена со другите анкети во ова издание, ни покажа дека најмногу испитаници работат во училиште кое што има библиотека и назначен училишен библиотекар и дека библиотеката се ажурира најмалку еднаш годишно. Мнозинството испитаници сметаат дека училишните библиотеки треба да поттикнуваат читање за задоволство, да им помагаат на учениците да бидат информациски писмени и да ги зголемат писменоста и постигнувањата кај учениците. За да го направат тоа, испитаниците ги сметаат за најефикасни стратегиите во кои спаѓаат поттикнувањето на учениците да читаат книги по сопствен избор во библиотеката, организирање на редовни активности поврзани со читање, формирање на литературен клуб, воспоставување на поблиски врски со јавните библиотеки и вклучувањето на родителите на учениците. Најпосле, испитаниците ги замислуваат идните училишни библиотеки како простори за учење или ресурсни центри кои поддржуваат самонасочено учење, диференцијација и учење засновано на проекти, но со одржување на користењето на печатени книги.

 

 

Која од следниве точки најдобро ја опишува вашата улога?

 

literacy and school libraries - survey graph 5
  1. Воспитувач/ка - предучилишно образование
  2. Наставник/наставничка - основно образование
  3. Професор/ка - средно образование
  4. Професор/ка – стручно образование
  5. Директор/ка на училиште
  6. Национален, регионален или локален орган
  7. Едукатор/обучувач на наставници
  8. Креатор на образовни политики
  9. Родител
  10. Стручен соработник во училиштето (на пр. библиотекар/ка во училиштето, советник за професионална ориентација)
  11. Надворешен практичар (во посета на училишта)
  12. Друг професионалец/засегната страна од образовниот сектор

 

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Librarian
    Researcher
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

Tags

School subjects

Key competences