Skip to main content
European School Education Platform
Expert article

СТЕАМизирање на партитурата

Во оваа статија, д-р Даухи Карни го споделува своето лично искуство како предавач по музика и ни кажува како СТЕАМ (природни науки, технологија, инженерство, уметност и математика) влијаел врз неговиот пристап во подучувањето.
Hands and musical notes
Image: Adobe Stock / ipopba

Пред скоро една деценија бев во посета на Норвешка за да учествувам во една интензивна програма на Еразмус. Бев во мојата втора година како предавач по музика во Ирска, задолжен за комбинација на практични и теоретски часови. Јас бев навикнат наставата да ја одржувам на тој начин што ќе им презентирам материјал на учениците и ќе им дадам насоки како да го разработат. Моите ученици имаа претходно стекнати компетенции за свирење на нивните музички инструменти и сето учење се фокусираше на музиката. Во контекст на постигнувањето на исходите од учењето како што беа пропишани во описот на модулот, тоа „функционираше“.

 

Во Норвешка работев со колеги од различни дисциплини, различни институции и различни земји. Се најдовме во интердисциплинарна училница каде мојот начин на подучување не одговараше. Во заедничкиот простор, голем број од учениците не свиреа на музички инструмент, а јас немав пропишана предметна наставна програма. Немаше конвенционална партитура за свирење, а понекогаш беше потребно време за учениците на кои англискиот јазик не им беше мајчин да ги разберат моите упатства на англиски јазик измешан со мојот ирски акцент. До крајот на двете недели во текот на кои научивме за нафтени платформи, приказни за духови и фотографија, создадовме изведба во хармонија која ни помогна да ги увидиме креативниот потенцијал што го има секој учесник и инспирацијата што може да се најде во светот околу нас.

 

Наставничката по музичко Естел Јоргенсон нè потсетува дека учениците се активните агенти во процесот на учење, а ние како наставници, сме таму за да им помогнеме. И нам ни е потребна помош, а преку соработка со колегите, може да споделуваме знаење во однос на тоа „како“ и „што“ да подучуваме. Со отстранување на ограничувањата што ги има дисциплинарното размислување, отвораме нови перспективи и пристапи кои ги вклучуваат, ги поттикнуваат и им задаваат предизвици на наставниците и на учениците да истражуваат надвор од своите предмети, а учењето да добие поцелосно значење во рамки на доживеаното искуство. Ова не го поткопува интегритетот на дисциплините и потребата од посебно предметно учење и истражување, но пофлексибилната и флуидна структура овозможува STEAM-power.

 

Моето патување низ креативното и естетското учење ме одведе до STEAM. Како уметник, можам да се инспирирам од мојот ангажман околу природните науки, технологијата, инженерството и математиката, а преку креативна и естетска активност, да развијам поголемо разбирање и сфаќање на концептите и идеите од кои честопати се плашев. Со пеење и танцување за пчелите или за гравитацијата, можев да ги размрдам младите умови кои развија емоционална и телесна приврзаност за темите. Критички гледано, мојата наставна практика се разви, а објаснувачкиот пристап кон темите би можел да се внесе во моите „поконвенционални“ часови. Дознав повеќе за интересите и вештините на моите ученици надвор од полето на музика.

 

Како уметници, понекогаш може да бидеме отфрлени како луксуз од страна на нашите колеги од областа на СТЕМ, коишто може да уживаат во нашите изведби без воопшто да се обидат да ги разберат или да ги препознаат науката, технологијата, инженерството и математиката во нашата работа. Како уметници, не се трудиме само да го развиеме нашето разбирање за СТЕМ, туку покажуваме и како може да ги информираме и инспирираме луѓето во овие области. Заедно може да ги истражиме чудата на светот што нè опкружува и пошироко. Како наставник, оставањето простор да се истражува областа на СТЕАМ и повременото оставање на партитурите доведе до покреативни изведби кои ги достигнуваат предвидените исходи на учење и многу повеќе.

 

 

Етномузиколог, географ и изведувач, д-р Даухи Карни е предавач по музика, театар и туризам и кодиректор на Истражувачкиот центар за креативни уметности при Институтот за технологија Дандалк. Тој бил вклучен во три Интензивни програми на Еразмус: IP CREAL (2012-2015), SPACE (2016-2019) и NEXT STEP (2019-2022) кои се занимаваат со СТЕАМ филозофии на образование.

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

Tags

Arts
Science

School subjects

Art
Mathematics / Geometry
Music
Natural Sciences