Skip to main content
European School Education Platform
Expert article

Социјално и емоционално учење за ментално здравје и благосостојба

Психолошкото влијание на пандемијата ја нагласи потребата за погрижлив и посочувствителен образовен систем за да ги поддржи социјалните и емоционалните потреби на децата и младите. Во оваа статија, Кармел Кефаи од Универзитетот во Малта објаснува како може да се зафатиме со оваа тема.
young girls holding hands
Image: Pixabay / MireXa

Неодамнешната статистика открива загрижувачки тренд кај менталното здравје и благосостојбата на децата и младите во Европа и пошироко.

 

  • Околу 20% од училишните деца имаат проблеми со менталното здравје во текот на нивните училишни години, при што 50% од проблемите со менталното здравје се развиваат пред 14-годишна возраст и 75% помеѓу 12-25-годишна возраст. (Регионална канцеларија на СЗО за Европа, 2018).
  • Студија во која учествувале 10000 деца на возраст од 11 до 17 години, покажа дека 1 од 5 изјавиле дека растат несреќни и загрижени за иднината поради малтретирање, академски притисок и осаменост (УНИЦЕФ/ ЕУ, 2021).
  • Самоубиство е водечката причина за смрт кај адолесцентите во земјите со низок и среден приход и втора водечка причина за смрт во земјите со високи приходи (Регионална канцеларија на СЗО за Европа, 2018).

 

Овие загрижувачки бројки ја нагласуваат потребата од погрижливи и посочувствителни образовни системи за поддршка на социјалните и емоционалните потреби на децата и младите. Истражувањата покажуваат дека социјалното и емоционалното учење (СЕУ) води до зголемени позитивни ставови, просоцијално однесување и подобрена благосостојба и академско учење. Исто така ги намалува социјалните, емоционалните и тешкотиите при однесувањето како што се анксиозноста, депресијата, самоубиството, злоупотребата на супстанции и антисоцијалното однесување.  (Дурлак и др, 2011; Голдберг и др, 2019; ОЕБС, 2021). Овие позитивни резултати се забележани од раното детство до средно образование низ лепеза на културни и социо-економски позадини.

 

Извештајот на NESET за зајакнување на СЕУ во ЕУ (Кефаи и др, 2018) предлага целосно-училишен, систематски и со докази информиран пристап кој комбинира наставен пристап со позитивна училишна клима за да се подобри благосостојбата на учениците и едукаторите. Овој пристап ја ангажира целата училишна заедница, вклучувајќи го персоналот, учениците и родителите, заедно со локалната заедница и другите чинители за да се олесни СЕУ на различни училишни нивоа:

 

  • Наставна програма: Наставната програма за СЕУ е базирана на вештини со еден искуствен пристап кон учењето којшто развива и интраперсонални и интерперсонални компетенции од рано детство до средно образование.
  • Клима во училницата и училиштето: Наставната програма за СЕУ треба да биде пропратена со позитивна клима во училницата и целото училиште каде што учениците се чувствуваат безбедно, вклучено и почитувано и имаат чувство на припадност.
  • Рана интервенција: СЕУ е најефективно кога се започнува во образованието од раното детство.
  • Ставови на учениците: Учениците треба активно да се ангажираат во развивањето, спроведувањето и оценувањето на наставната програма.
  • Насочени интервенции: Универзалниот пристап кон СЕУ треба да биде придружуван со насочени интервенции за ранливите ученици на кои може да им е потребна дополнителна поддршка.
  • Образование и благосостојба на наставниците: На наставниците им е потребна обука за работење со СЕУ преку нивната практика за да ги развијат своите сопствени социјални и емоционални компетенции и да се грижат за своето здравје и благосостојба.
  • Родителска соработка: Вклучувањето на родителите е олеснето преку партиципативен пристап каде што родителите добиваат обука да го поддржат СЕУ на нивните деца.
  • Партнерство со локалната заедница и професионалците за ментално здравје: Локалната заедница и другите чинители претставуваат суштински ресурси во рамките на системскиот целосно-училишен пристап.
  • Квалитетна имплементација: Ефективниот пристап за СЕУ треба добро да се планира и да се имплементира со соодветна обука, ресурси и поддршка, и со активно ангажирање на целата училишна заедница во неговото спроведување.
  • Приспособување кон локалниот контекст: Интервенциите треба да ги земат предвид културните контексти на училиштата, како и интересите и потребите на учениците преку партиципативен пристап оддолу нагоре.

 

Заклучок

 

Загрижувачката статистика за менталното здравје и благосостојба на децата и младите, и постојаните докази дека СЕУ помага да се промовира благосостојба и да се спречи појавата на проблеми со менталното здравје во критичните периоди од животот на младите, ја нагласуваат потребата да се преосмисли образованието за ги одразува реалностите и предизвиците на 21-от век по КОВИД. Промовирањето на благосостојба и ментално здравје во рамките на целосниот училишен системски пристап треба да се вгради како една од примарните цели на образованието.

 

 

Carmel Cefai, PhD (Lond), FBPS, е професор по Психологија и Директор на Centre for Resilience and Socio-Emotional Health на Универзитетот во Малта. Тој интензивно истражуваше и објавуваше работи поврзани со социјалното и емоционалното образование и еластичност. Тој ја започна неговата кариера како училишен наставник.

 

References

 

Durlak, J. A.; Weissberg, R. P.; Dymnicki, A. B.; Taylor, R. D. (2011). The impact of enhancing students’ social and emotional learning: A meta-analysis of school-based universal interventions. Child Development, 82 (1), 474-501.

 

Goldberg, J. M., Sklad, M., Elfrink, T. R., Schreurs, K. M. G., Bohlmeijer, E. T. and Clarke, A. M. (2019). Effectiveness of interventions adopting a whole school approach to enhancing social and emotional development: a meta-analysis. European Journal of Psychology of Education, 34(4), 755–782.

 

OECD (2021) Beyond Academic Learning.

 

UNICEF and the European Union (2021) Our Europe, Our Rights, Our Future.

 

WHO Regional Office for Europe (2018). Adolescent mental health in the European Region.

 

WHO Regional Office for Europe (2020). Spotlight on adolescent health and well-being. Findings from the 2017/2018 Health Behaviour in School-aged Children (HBSC) survey in Europe and Canada International report

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    School Psychologist
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

Tags

Social skills
Well-being

Key competences

Personal
Personal, social and learning to learn
Social and learning