Skip to main content
European School Education Platform
Expert article

Учење да се размислува со срцето: Улогата на театарската лакрдија во образованието на наставниците

Во оваа статија, Д-р Мартин Росон споделува како театарската лакрдија може да им помогне на наставниците да се ослободат од нивните инхибиции и да се најдат себеси во сегашноста, засновано на истражувањето и практиката според едукативните постапки на Steiner Waldorf.
girl with red nose
Image: Adobe Stock / xavier gallego morel

Учениците го зајакнуваат нивнотo чувство на заедништво, кое е основата за издржливоста и благосостојбата, кога тие сметаат дека работите со кои се соочуваат се разбирливи, решливи и значајни за нив (Росон, 2021). Ако учениците чувствуваат дека тоа што им е зададено е значајно за нивните биографски интереси, поверојатно е дека нивното учење ќе биде внатрешно мотивирано и опширно. Учениците наоѓаат задоволство во можностите за учење кои го поттикнуваат наместо да го спречуваат развивањето на чувството на заедништво. Спроведувањето на таквите можности бара наставници кои можат да читаат и креативно да одговараат на конкретните педагошки ситуации и индивидуални потреби. Колку повеќе наставата е прилагодена на развојните задачи и интереси на конкретните ученици, толку поодржливо и потрансформативно станува учењето. Суштинскиот образовен акт вклучува некој кој предава нешто значајно некому. (Биеста, 2012). Според тоа, ученикот чувствува дека тоа мора да има врска со него и со неговата поврзаност со своето тело, со другите луѓе и со светот.

 

Затоа, наставникот како личност е важна компонента во ефективното учење. Суштинска вештина е способноста да се биде присутен (Роџер & Рајдер-Рот, 2006), способноста да се читаат и разбираат (често неочекувани и необични) педагошки ситуации, и способноста да се одговори на начини кои се корисни за сите засегнати. Ова значи чувствување на емоционалната констелација на моментот и бидување способен да се одговори со соодветни зборови, гестови, говор на тело и дејства. На наставниците им е потребна присутност за да го прочитаат педагошкиот момент, а учениците треба да чувствуваат дека нивниот наставник ги гледа, слуша, препознава и ги прифаќа и создава можности за учење кон кои тие можат да се насочат. Прашањето е, како оваа способност може да се научи?

 

Во рамките на едукацијата Steiner Waldorf, ние најдовме одговор на ова прашање; театарска лакрдија прилагодена за наставници. Во текот на изминатите 25 години, ние го практикувавме и истражувавме овој пристап (Луцкер, 2007, 2012, Бриден & Росон, 2022), на почетокот со наставници по јазици, но сега со одделенски наставници. Најмногу од Steiner Waldorf образовните програми за наставници во Германија (и сега сѐ повеќе во други земји) вклучуваат лакрдиски работилници кои се или интегрирани во програмата или се викенд курсеви.

 

Театарските лакрдиски работилници вклучуваат лесни загревања за да ги поврзат учесниците самите со себе, со просторот, групата и подготвителни вежби кои поттикнуваат заедничка разиграност и љубопитност. Во групи, парови или самостојно, учесниците прават импровизации додека групата го набљудува изведувачот/ите на начин кој поддржува. Фацилитаторот на работилницата тежнее да формира безбеден и заштитнички социјален простор и опкружување со изобилство на меѓусебна поддршка и грижа. Ова им овозможува на учесниците да ги надминат своите постоечки лични ограничувања, да се опуштат и да се вклучат во активностите со едно севкупно расположение на (сериозна) забава, игра и откривање. Процесот е секогаш поинтересен во споредба со исходот.

 

Вежбите, игрите и импровизациите се наменети да ги изложат учесниците на гледиштето на кловнот, кое е да се соочиш со светот со отворено срце и љубопитност, и со прифаќање на, она што ќе се случи. Проблемите и фрустрациите се слават поради подароците и изненадувањата што ги нудат. Кловнот се подигрува со еластичноста на ситуацијата и допира во подлабоките слоеви преку срцето, не преку главата.

 

Ова можеби не звучи како напорна работа, но може да побарува значителна храброст да се ризикува да се откажеме од научените одговори и навики и да се отвориме себеси според соодветниот момент и искрено да размислиме за тоа потоа. Еднакво важно за процесот на дозволување на ситуацијата „да ви зборува“ е истовремениот акт на сочуствително набљудување од „публиката“ (т.е. другите учесници) и подоцнежно размислување околу процесот. Споделувањето и само-размислувањето потоа се исто така дел од процесот на откривање во кој другите исто така му отсликуваат што искусиле на учесникот.

 

 

Д-р Мартин Роусон има работено како наставник според Валдорфскиот модел од 1979 година, и во Обединетото Кралство, и во Германија. Моментално предава во Хамбург, а е активен и во образувањето идни наставници на програмата за магистерски студии на Freie Hochschule Stuttgart. Освен тоа, тој е почесен професор на Националниот универзитет Цинг Хуа на Тајван.

 

 

Понатамошни информации

 

Additional information

  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    School Psychologist
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator