Skip to main content
European School Education Platform
Interview

Education Talks: Вештачката интелигенција во образованието

Како вештачката интелигенција (ВИ) влијае на образованието и кои се клучните согледувања за наставниците? Слушнете го разговорот со Марко Невес, наставник и консултант, за да дознаете повеќе.
Education talk interview on artificial intelligence with Marco Neves

Моето име е Марко Невес, јас сум од Португалија, наставник сум по информатика и консултант сум во областа на Дигиталното образование последниве години.

 

Вештачката интелигенција во образованието

 

Ние имаме четири различни поттеми. Едната е за ВИ да поддржува настава и тука главно вршиме упатување до алатките и платформите кои може да го поддржат наставникот во смисла на оценување, проценка и исто така за надгледување на учениците па дури и олеснување на сета работа на наставниците. Друга поттема во учењето со ВИ е околу користењето ВИ за учење на ученици и имаме различни видови на платформи тука кои може да бидат вметнати во процесот на предавањето и на учењето. Едни од нив се, на пример, интелигентните или туторските системи засновани на дијалог. Ова е конкретно полена кое што сме фокусирани повеќево однос на учењето на учениците,но исто така ги имаметуторските системи засновани на дијалог,околината за истражувачко учење,па има различни видови на алатки и платформи тука кои може да се користат.И последната поттема еВИ да поддржува дијагностичко и планирање низ целиот систем, и тука имаме, на пример,аналитика на учењеили дури и алатки кои може да им помогнатна учениците со различни потешкотии при учењето,како што е дислексијата.

 

Вештачката интелигенција во училницата

 

Гледаме различни видови на алаткикои може да се користатна пример, да ги поддржуваат ученицитево учењето на разни јазиции имаме апликации кои може едноставно да се користатод страна на наставниците и од учениците.Исто така можеме да видиме различни алаткиво полето на математиката, на пример,кои може да бидат многу корисни во смисла на поддршкана процесот на учење кај учениците.И исто така почнуваме да гледаме различни алаткикои може да бидат многу корисни за наставницитево смисла на оценување.

 

Напредокот во вештачката интелигенција

 

Некои примери може да бидаталатките на ВИ за колаборативно учење,континуирано оценување.На пример, за учениците имаменекој вид на придружници за учење со ВИсо кои би можеле да комуницираати да имаатнекој вид на поддршка и повратни информациине само фокусирани на традиционалното оценувањетуку исто така да можатда ги информираат наставниците и ученицитеза други вештини, како што се меките вештини.

 

Етички грижи и предизвици

 

Треба да бидеме свесни за етичките обврски,на пример, на приватните организации,т.е. развивачите на ВИ во образованието. Исто така, во однос на јавните институции, како што се училиштата и универзитетитекои се вклучени во истражувањата за образование со ВИ.Но ние исто така треба да бидеме свесниза етичките импликациидека не можеме лесно да знаемекако се донесени овие длабоки одлуки од овие алгоритми на ВИ во денешно време, главно во однос на невралните мрежи.И исто така, кои се етичките последициод охрабрувањето на ученицитеда работат автономно со овој софтвер поддржан од ВИ?

 

Поддршка за наставниците

 

Многу е важно ние да креирамеможности за наставницитеда дознаат што е ВИ,како ВИ влијае врз нашите животи,за тие да можат да го доведатовој предмет во училницата,и да ги разгледаат предметитешто ги предаваат,и да согледаат како ВИ влијае врз нив,да направат учениците да бидат свесни за ВИ.

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    ICT Coordinator
    Parent / Guardian
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator

Key competences