Во 2022 година, двете платформи на Европската комисија, School Education Gateway и еТвининг, ќе се спојат во Европската платформа за училишно образование; сите содржини и услуги ќе бидат под една капа. До Европската платформа за училишно образование ќе се пристапува преку EU Login, сервисот на Европската комисија за автентикација на корисници.
Ова упатство ќе ве води низ процесот на креирање сметка на EU Login, која им овозможува на овластените корисници пристап до широка низа веб-услуги на Комисијата со користење на една адреса на е-пошта и една лозинка.