Skip to main content
European School Education Platform
Tutorials

Пристап кон учењето за одржливост заснован на целото училиште: како да се започне

За остварување на амбициозната цел на ЕУ, Европа да стане првиот климатски неутрален континент до 2050 година, потребна е акција од секторот за образование и обука. Пристапите кон одржливост засновани на целото училиште се основа на ефективното учење за одржливоста. Во оваа статија ќе се разгледаат корисни ресурси и практични идеи за внесување пристап на одржливост заснован на целото училиште.

Вградување на одржливоста во вашето училиште

Пристапот кон одржливост заснован на целото училиште подразбира интегрирање на учењето за одржливост на животната средина низ целата установа. Според документот на Комисијата насловен „Пристап кон учењето за одржливост на животната средина заснован на целото училиште, ваквиот пристап може да им помогне на учениците да развијат одржлив начин на размислување. Тоа значи дека со вградување на одржливоста во рамките на управувањето, подучувањето и учењето, како и во управувањето со кампусот и објектите, училиштата можат да им обезбедат на учениците доследни можности да го живеат она што го учат.  

Whole School approach to learning for sustainability

Пристап кон одржливост заснован на целото училиште. Извор: УНЕСКО, 2016 година

Некои неодамнешни проекти на Еразмус+ ни покажуваат како пристапот заснован на целото училиште изгледа во практика. Во проектите „Ecological, what else?“ и „ECORoad“, учесниците ги унапредија еколошките стандарди и практики со развивање на културата на нивните училишта преку работилници и размена на кадар и на ученици.

Сепак, создавањето простори и можности за учење за одржливост не е лесен потфат. За да покренете промени во вашето училиште, треба да имате предвид некои клучни фактори, особено:

  1. развивање инклузивен план на ниво на целото училиште со вклучување на сите актери – ученици, кадар, родители, партнери и чинители од заедницата,
  2. исцртување на перспектива ориентирана кон иднината за да се зголемат влијанието од вашиот план и мотивацијата на учениците,
  3. пренасочување на фокусот од образование за животната средина кон учење за одржливост, со оглед на тоа дека второто ги смета учениците за активни и ангажирани агенти на промена.

Ангажирање на учениците во пристапот кон одржливост заснован на целото училиште

Во рамки на пристапот кон одржливост заснован на целото училиште треба да се размисли за создавање можности за ангажирање на учениците во сценарија од реалниот живот. Храната е една од клучните области во која училиштата можат да извршат ефективна трансформација на начинот на кој работат и да воведат одржливи решенија што ќе ги опфатат сите.

Whole School approach to learning for sustainability

Пристап кон одржливост заснован на целото училиште: храна (Tilbury, 2019). Извор: Влезен документ: Пристап кон учењето за одржливост на животната средина заснован на целото училиште

На пример, кога учениците сами си одгледуваат храна во училишниот двор, училиштата можат да создадат свест преку означување на опциите на храна во менито на кантината и информирање на учениците за влијанието на нивниот избор врз животната средина. За да понуди производи кои се секогаш во сезона, управата на училиштето може да се здружи со добавувачи и со вработените во кантината за храната да се набавува локално и со тоа да се намали нивниот јаглероден отпечаток.

Во соработка со локални добротворни организации остатоците од храна може да им се доставуваат на оние што имаат потреба. Наставниците преку наставната програма може да ги истакнат прашањата во однос на одржливоста кои се поврзани со храната, а учениците може да дискутираат за тие прашања дома. На крај може да се вклучат и локални невладини организации со отпочнување еколошки одржливи проекти, како на пример изградба на хотел за пчели за поддршка на локалните популации на пчели.

Идеи за интегрирање на одржливоста во вашата училница

Во продолжение може да најдете некои корисни ресурси со практични совети и алатки за подучување за одржливост.

Овие проекти од училницата содржат проектни планови кои се занимаваат со климатската криза и совети за подучување за климатската криза и одржливоста во училницата.

Во својата статија, Креатори на иднината: создаваме одржливост заедно, професорката Маија Аксела (Универзитет на Хелсинки) зборува за неколку успешни активности насочени кон зајакнување на младите граѓани во однос на комплексните еколошки предизвици.

Д-р Прамод Кумар Шарма истакнува како треба да се фокусираме на акција наместо на подигнување на свеста преку програмата „Eco-Schools“. Во овој вебинар за еколошка писменост, тој предлага и патоказ за оценување на напредокот на учениците, заедно со корисни алатки за активностите за учење да бидат поефективни.

Повеќе примери за тоа како наставниците и училиштата ѝ пристапија на одржливоста може да се најдат во оваа статија за еколошки училишта за посветла иднина.

Additional information