Skip to main content
European School Education Platform
Tutorials

Како да ја претставите „А“ во STEAM

STEAM (наука, технологија, инженерство, уметност и математика) е иновативен пристап кон учењето кој ја промовира креативноста и ја зголемува ангажираноста на учениците со интегирање на уметноста во научните предмети. Оваа статија ќе им обезбеди на наставниците идеи и ресурси за воведување на STEAM во училницата.
Children studying together during a science lesson
Image: Adobe Stock/be free

Што е STEAM?

 

STEAM е интердисциплинарен пристап кон учењето кој настојува да го модернизира начинот на кој се предаваат STEM (наука, технологија, инженерство и математика) предметите, а не како што традиционално се предавале на изолиран начин. STEAM пристапот ја води заинтересираноста на учениците со комбинирање на теоретското знаење со практични примени што ги поттикнува учениците да изнаоѓаат решенија за проблемите во вистинскиот свет. Овој тип на средина за учење им овозможува на учениците да ја развијат нивната комуникација, критичкото размислување, соработката и вештините за решавање на проблеми.  Додека STEM предметите им овозможуваат на учениците да ги унапредат своите технички способности, важно е учениците да ги развијат и дигиталните и меките вештини за својата идна работа.

 

Преку својот интердисциплинарен пристап, STEAM образованието може да помогне да се реагира во врска со постојаната недоволна застапеност на жените кои работат во STEM областите. Според  Жени во Дигиталниот Семафор 2021  на Европската Комисија, само една третина од STEM дипломираните и 19% од ИКТ (Информациска и комуникациска технологија) специјалистите се жени. Бидејќи желбите за кариера во текот на адолесценцијата имаат тенденција да влијаат на конкретните избори на кариера кога сме возрасни, ова ја нагласува важноста на негувањето на интересот за STEM предметите уште од млада возраст преку интерактивни и интересни часови. Зголемувањето на учеството на жените во STEM областите не само што ќе го зголеми пристапот на жените до добро платени вработувања,  туку исто така ќе помогне во промовирањето на родова еднаквост во технолошките полиња (Eвропска Комисија, 2021).

 

 

Како да се имплементира STEAM во училницата

 

Има многу начини за наставниците да ги развијат вештините на своите ученици преку STEAM образование, почнувајќи прво и основно од самите себе.

 

1. Едуцирај го едукаторот

 

Едукаторите мора да ги имаат потребните вештини и знаење за да ги предаваат STEAM концептите на учениците во основните и средните училишта. За да ги развијат своите професионални вештини во ова подрачје, едукаторите може да учествуваат во програмите за обука или да пристапуваат до онлајн ресурси за предавање на STEAM. Онлајн заедниците за пракса можат да бидат уште еден корисен ресурс за наставниците да ги научат и заеднички да ги развијат најдобрите практики во STEAM образованието.

 

Повторното осмислување на вашиот пристап на предавање, на пример со воведување на повеќе активности со работа во групи базирани на проекти, може да биде интересен начин на развивање на тимската работа и комуникациските вештини кај вашите ученици. Учењето низ работа креира позначајни искуства на учење за учениците со тоа што им покажува како тие проблеми може да се применуваат во ситуации од вистинскиот живот. Како чекор нанапред, може да ја преуредите училницата за да формирате одредени подрачја за колаборативна работа или активности базирани на проекти.

 

 

2. Користење онлајн алатки и ресурси

 

Постојат многу STEAM проекти финансирани од страна на ЕУ кои се во тек, кои работат со наставници и експерти низ Европа за да создадат прилагодени материјали за предавање за теми како што се историско и културно наследство. Овие се корисни и бесплатни алатки за наставниците. Исто така постојат дигитални архиви како што се Науката е Прекрасна! или Europeana, кои содржат активности за интерактивно учење за научни теми кои користат музика, литература, видеа и уметнички дела како алатки за учење.

 

Бирањето на област на фокусирање врз основа на интересите и потребите на вашите ученици може да помогне во зголемувањето на ангажираноста на учениците во STEM предметите и е особено корисна во давањето поттик на младите девојки да истражуваат научни теми.

 

 

EMBED: Teaching STEAM with Europeana

 

3. Соочување со родовите предрасуди во училницата

 

Зголемувањето на интересот и учеството на девојките во STEM предметите е клучно во опремувањето на младите жени со неопходните вештини за да се прилагодат на континуирано менливиот пазар на трудот. Girls Go Circular е пример за проект финансиран од ЕУ кој им дава поттик на девојките во STEM со развивање на нивните дигитални и претприемачки вештини низ единствениот објектив на циркуларната економија.

 

Наставниците може да се соочат со родовата нееднаквост во STEM со приоретизирање на методи на предавање кои ги вклучуваат двата пола. Ова може да вклучи отворена дискусија со учениците за родова еднаквост и охрабрување на мешани работни групи за разградување на родовите стереотипи и предрасуди во училницата.

 

Наставниците може да црпат инспирација од постоечки проекти и публикации  за промовирање на свеста за педагошките аспекти кои влијаат на ангажираноста на девојките за научните предмети и да споделат примери на иновативни практики за да го зголемат учеството на девојките во STEM.

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)