Skip to main content
European School Education Platform
eTwinning Kit

S.T.E.A.M-тастично

Учењето преку S.T.E.A.M, односно истражувањето теми преку природните науки, технологијата, инженерството, уметноста и математиката, е основа на овој проект. Бидејќи пристапот во голема мера е меѓупредметен, тој добро се вклопува во наставната програма за предучилишно и основно образование, иако неговата методологија може да се применува на кое било ниво преку приспособување на степенот на софистикација. Овој проект нуди можност материјата по предметите од STEAM да се поврзе со секојдневниот живот, дури и во образованието на многу мали деца. На материјата може да ѝ се пристапи на тој начин што партнерите ќе најдат месечна тема (една тема за секое училиште) и потоа заедно ќе работат на некоја активност. На пример, ако едно училиште ја избере темата „Пеперутки“, тогаш другите партнери треба да изберат/споделат активност што ќе ја реализираат заедно, како што се следниве: • Пеперутки – научна активност избрана од Партнер A • Пеперутки – технолошка активност избрана од Партнер Б • Пеперутки – инженерска активност избрана од Партнер В • Пеперутки – уметничка активност избрана од Партнер Г. Можностите се бескрајни.

Objectives
Objectives
• Да се обезбеди учениците да ги развијат вештините за образовно учење од аспект на природни науки, технологија, инженерство, уметност и математика преку разни практични активности. • Да се обезбеди сите ученици да учествуваат во инклузивно образование со користење пристапи на решавање проблеми.
Show more
Introduction of partners
Introduction of partners
Бидејќи проектот вклучува многу мали ученици, воведните активности ги водат наставниците. Учениците зборуваат за тоа како би сакале да бидат претставени нивната паралелка и нивното училиште, а наставниците го поставуваат тоа онлајн. Имаше некои убави идеи во оригиналниот проект каде беа поставени фотографии од паралелката при што лицето на секое дете беше покриено со маска која ја одразува темата на проектот. На тој начин, се води сметка и за безбедносниот аспект, односно да не бидат откриени лицата на децата во објавата онлајн.
Show more
Orientation
Orientation
За реализацијата на ваков проект неопходни се внимателно планирање и одлична комуникација меѓу наставниците кои се вклучени. Според еден од пристапите кои можат да се применат, во фазата на планирање на проектот, наставниците може заедно да ги изберат темите што ќе се обработуваат секој месец. Потоа, тие може да изберат на која гранка од STEAM пристапот сакаат да се сконцентрираат и да спроведат истражувачки активности на темата согласно нивниот избор, односно во зависност од тоа дали избрале природни науки, технологија, инженерство, итн. Одличен пример од оригиналниот проект може да најдете овде.
Show more
Collaboration
Collaboration
КОМУНИКАЦИЈА: Во проекти од ваква природа, комуникацијата меѓу проектните партнери е од клучно значење, со редовни состаноци кои се неопходни за планирање на секоја фаза од развојот, како и дневна комуникација преку TwinSpace или друг сервис за испраќање пораки. За почеток, проектните партнери работат заедно за секој од нив да најде тема за секој месец од времетраењето на проектот. На пример, еден партнер треба да најде општа тема за ноември, друг партнер за декември, трет партнер за јануари, итн. Потоа, секој месец, сите партнери даваат свој придонес и споделуваат некоја активност поврзана со природните науки, технологијата, инженерството, уметноста или математиката. Овие активности потоа се собираат и во текот на тој месец, сите наставници и ученици се вклучуваат во истите активности. Без ова заедничко планирање, наставниците нема да можат да ги испланираат активностите затоа што плановите за активности зависат од секој партнер. СОРАБОТКА: Бидејќи учениците во овој проект се многу мали, процесот на соработка може да се оствари на малку поинаков начин; секоја паралелка ги истражува месечните активности на свој начин, а потоа соработуваат едни со други со гласање, на пример, за активноста која најмногу им се допаднала. Може да испратат и видеозаписи со нивни одговори на различните активности. Друга идеја би била сите паралелки да дизајнираат лого, а потоа секоја паралелка да гласа за логото кое најмногу им се допаѓа за да го претставува проектот. Примери за активности за секој месец може да се најдат на страницата на TwinSpace на оригиналниот проект. Како резиме на сите активности, може да се изработи завршен производ во кој ќе се прикажат, чекор по чекор, спроведувањето на проектот, фотографиите, видеозаписите и врските до она што учениците го сработиле за да им се помогне на другите деца да го постигнат истото. Овде е даден пример од оригиналниот проект каде е прикажана активност за еКнига полна со активности поврзани со S.T.E.A.M. Книга изработена од деца за деца.
Show more
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment
Евалуација: Таа е возможна преку одржување постојана комуникација меѓу еТвининг наставниците, воспитно-образовниот кадар и родителите, и пред сè, учество на учениците. Во оригиналниот проект, тие вршеа месечна евалуација на темата и на активностите за тој месец. Имаа креирано општа анкета на Twinspace (според месечните теми). Па така, прво учениците и наставниците извршија одделна евалуација на активностите (оцена од 0-10), а потоа резултатите беа обработени и поставени на TwinSpace. Се препорачува на крајот од проектот да се побараат мислења од наставниците и од учениците. Еве два примера од оригиналниот проект, еден за учениците и друг за наставниците. Ваквите анкети му помагаат на целиот тим да размисли за силните страни и за слабостите на проектните процеси. Оценување: Ако вршите месечна евалуација, ќе добиете добра претстава за тоа кои активности со учениците функционирале, а кои биле помалку успешни. Тоа ќе ви овозможи да ги поставите активностите на ниво соодветното за вашата паралелка и да се погрижите учењето за нив да претставува задоволство.
Show more
Follow up
Follow up
Документирање: Документирањето на напредокот на проектот е многу важно и неопходно е да се има добро организиран преглед во TwinSpace за на сите проектни партнери да им биде јасно кој е планот за активности во рамки на проектот. Оригиналниот проект на TwinSpace е одличен пример за овој пристап. Дисеминација: Кон ова може да се пристапи на разни начини, преку презентации пред колегите во училиштето, пред родителите на родителските средби, преку локалните весници или радио-станици, итн. Целосен преглед на активностите за дисеминација спроведени од партнерите во рамки на оригиналниот проект може да се најдат овде. Завршна забелешка за една многу креативна идеја реализирана од наставниците вклучени во оригиналниот проект – да се изработи книга со приказни за најмалите ученици со теми од проектот.
Show more

Additional information

  • Age to:
    6
  • Difficulty:
    Easy