Skip to main content
European School Education Platform
eTwinning Kit

СПОРЕДБА НА ВЕСТИ И МЕДИУМСКА СОДРЖИНА

Учениците истражуваат наслови во вестите и содржина на вести од различни области (на пр. главни вести од земјата, вести од светот, спортски вести, култура, итн.) и од различни медиуми (дневни весници, таблоиди, регионални весници, разни ТВ канали, радио-станици, социјални медиуми) и составуваат краток преглед за нив (на пр. трите најпопуларни). Учениците од партнерските земји ги споредуваат резултатите во рамки на меѓународни групи и дискутираат за причините за можните разлики.

Objectives
Objectives
Pазвивање вештини во полето на медиумската писменост и медиумската критика, разбирање на влијанието на културата и на контекстот врз медиумската содржина, развивање на вештини за разбирање на прочитаното.
Show more
Introduction of partners
Introduction of partners
- Учениците ги ажурираат своите профили на TwinSpace. - Учениците накратко се претставуваат себеси во форумот на TwinSpace. Учениците од партнерските паралелки ги читаат претставувањата и одговараат на 2–4 ученика за сите ученици да добијат барем еден одговор. или - Учениците прикачуваат самослик (селфи) и пишуваат нешто за себе на Twinboard или на Padlet во TwinSpace. - Учениците снимаат краток видеозапис во Flipgrid за да се претстават себеси - Се организира онлајн средба (Adobe Connect во TwinSpace, Teams или Google Meet) во која учениците се гледаат едни со други и еден по еден се претставуваат себеси. Учениците може да им поставуваат прашања на учениците од партнерската паралелка во врска со нивната паралелка, училиштето, учењето или во врска со нивниот роден град. - Учениците подготвуваат кратки квизови (на пр. Kahoot! со 10 прашања) за партнерските земји. Квизовите се реализираат поврзани со онлајн средбата.
Show more
Orientation
Orientation
Учениците одговараат на анкета за тоа како ги користат медиумите, како на пример, колку редовно читаат дневни весници, гледаат телевизија или ги следат вестите што се достапни онлајн, како и тематските прашања во социјалните медиуми. Преку анкетата, исто така, се истражува кои се темите од вестите за кои учениците се заинтересирани. Анкетите се спроведуваат на начин што овозможува споредба меѓу одговорите дадени од учениците од различни земји. Анкетите може да се спроведат и расчленети по родови и одговорите потоа да се споредат од родова перспектива. Учениците дискутираат за резултатите од анкетите во рамки на меѓународните групи (на пр. во форумот на TwinSpace или на WhatsApp или во Teams), ги споредуваат и размислуваат за причините за разликите.
Show more
Collaboration
Collaboration
1. Се одредуваат деновите во текот на кои ќе се спроведува анкетата. 2. Учениците работат во парови или во групи од по тројца. 3. Го избираат видот на медиум за којшто се заинтересирани: дневен весник, таблоид, телевизија (јавен или комерцијален сервис), радио или социјални медиуми. 4. Учениците избираат тема за којашто се заинтересирани (на пр. вести од земјата, вести од светот, црна хроника, спортски вести, вести од културата, итн.) 5. Групите се формираат врз основа на нивните интереси. Групите ги делат задачите помеѓу нив и известуваат за 3-5 најважни вести, како и за нивната главна содржина и перспектива. 6. Групите проверуваат и дали има некои вести достапни во партнерската земја. 7. Тие составуваат краток преглед којшто содржи извештај и скенирани или преземени слики од вестите. Краткиот преглед се објавува на TwinSpace во делот за материјали или во споделена папка на Google. Краткиот преглед може да се презентира во форма на постер, инфографик или презентација во PowerPoint или преку кој било друг медиум што учениците го сметаат за соодветен. Се формираат меѓународни групи (4–8 ученика). Овие групи вклучуваат претставници од сите земји. 8. Претставниците на различните земји ги презентираат своите извештаи/кратки прегледи, и се дискутира за разликите и за сличностите. Се размислува за причините за разликите. 9. Се презентираат примери на новински статии од партнерските земји. ----------- 10. Резултатите на сите групи се презентираат на заедничка онлајн средба (Teams, Adobe Connect...). ----------- 11. Ако соработката функционирала добро, проучувањето на темата може да продолжи со некоја од следниве активности. а. Изработка на заеднички онлајн весник со различни теми, статии и слики, дури и видеозаписи б. Проучување на феноменот на лажни вести во различни земји – Каде може да наидете на лажни вести? Како може да препознаете што е лажно, а што не? Како може да се заштитиме себеси од лажни вести? в. Дискусија за тоа што ќе се случи со печатените медиуми во иднина. г. Учениците ги истражуваат главните вести на телевизија, во дневните весници и на социјалните медиуми од изминатите четири недели. Кои стории биле најважни и/или најинтересни за учениците? Во кои од сториите главната улога ја имале деца и млади луѓе (12–18 години)? Генерално гледано, дали вестите кои се однесуваат на млади луѓе се главно негативни или позитивни? Зошто?
Show more
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment
Учениците ја оценуваат сопствената работа, како и работата на нивната група: - Дали активно учествувале во собирањето информации? - Дали активно учествувале во создавањето информации? - Дали активно учествувале во дискусиите и во сесиите за размислување? - Дали задачите биле поделени подеднакво во рамки на групите? - Дали лесно можеле да се разберат мислите на другите членови на групата? - Дали целите биле постигнати (развивање на клучните вештини)? -------- - Дали ваквото заедничко учење преку проект било мотивирачко? - Дали учениците би биле заинтересирани да продолжат со слични активности? --------- - Наставниците го оценуваат спроведувањето на проектот: - Дали целите биле постигнати? - Како функционирала соработката? - Дали резултатите ги постигнале очекувањата? - Дали би било добра идеја да се продолжи соработката? --------- - Се води дискусија за евалуација - Се спроведува анкета за евалуација
Show more
Follow up
Follow up
Документирање на проектот: Резултатите и производите од проектот се поставуваат на TwinSpace. Покрај извештаите, кратките прегледи, постерите и презентациите, учениците споделуваат слики и снимки од екрани (скриншот) од дискусиите, онлајн средбите и од Kahoot. Дисеминација на резултатите: Резултатите се споделуваат на страниците на TwinSpace, коишто се објавуваат онлајн. Резултатите, исто така, се споделуваат во Списанието на проектот и на социјалните мрежи.
Show more

Additional information

  • Age from:
    12
  • Age to:
    18
  • Difficulty:
    Intermediate