Skip to main content
European School Education Platform
eTwinning Kit

Митолошка уметност: митови во уметноста и литературата

Овој проект се занимава со проучување на класичната митологија од уметничка гледна точка, со комбинирање на литературата, сликарството, историјата и музиката. Целта на проектот е да ја подигне свеста за класичната култура и да побуди интерес за класичниот свет, додека истовремено ја развива свесноста за припадност кон Европа. Учениците групирани во меѓународни тимови ќе ги проучуваат различните митови и по пат на соработка ќе изработуваат производи, како поткасти, е-списанија, итн., за да го споделат она што заеднички го откриле.

Objectives
Objectives
● Запознавање со други ученици и наставници од Европа кои учат латински и/или старогрчки јазик. ● Откривање на вредноста на нашите класични корени како основа за унапредување и развој на европско граѓанство. ● Воведување ИКТ во часовите. Зголемување на свеста за присуството на класичното наследство во европската култура Комуникација на класични и современи јазици. ● Развивање креативност и критичко размислување.
Show more
Introduction of partners
Introduction of partners
За вистинска соработка, овој проект најдобро функционира ако работата се реализира во рамки на меѓународни тимови. Првиот чекор е наставниците во секоја од паралелките да им го објаснат концептот на своите ученици. Секој ученик избира тројца ученици од други училишта и им пишува поздрав на нивниот профил или преку приватна порака, по можност на договорениот јазик на комуникација. Потоа учениците треба да постават слика/аватар од самите себе на TwinSpace. Исто така, треба да напишат краток текст со кој ќе се претстават себеси. Потоа играат игра во која секој ученик треба да избере слика на најмалку еден друг ученик од партнерските училишта. Целта е да ги поврзат кратките текстови за претставување со сликите. Откако ќе го направат тоа, се формираат тимови. Бројот на ученици во овие мешани тимови, се разбира, ќе зависи од бројот на партнерски училишта, но идеално би било да биде меѓу 5 и 6. Секој од тимовите треба да си избере соодветно име за тимот. Првиот чекор овде е членовите на тимовите да се запознаат едни со други. Тимовите треба да изберат што ќе биде предмет на нивно проучување, на пр. некој бог/божица, мит или пак слика во која се претставени и двете. Тоа може да се направи преку форуми за дискусија и/или видео-конференција, со што се овозможува секој да си го заземе своето место и да соработува во рамки на тимот, како и учениците да се запознаат едни со други. Работата ќе биде поедноставена ако се назначат наставник и ученик во улога на координатори, со што би се олеснило управувањето, распределбата и регулирањето на различните задачи во рамки на секој тим.
Show more
Orientation
Orientation
Идејата на овој проект е тој да се интегрира во редовните програми. Проектните задачи, содржината и активностите може да се усогласат со секојдневната настава, со што на наставникот ќе му се овозможи да го унапреди развојот на клучните компетенции и на мултидисциплинарната содржина коишто се присутни во наставната програма. Проектот се фокусира на проучување на старогрчката и римската цивилизација, во нивните историски, социјални, политички, религиски и уметнички аспекти. Проучувањето на митологијата е особено важно затоа што таа имаше пресудно влијание врз создавањето на западната книжевна и уметничка имагинација. Кон ова може да се пристапи на различни начини. Првата задача за секој од тимовите е да се избере име базирано на класичен мит или божество и да се дизајнира лого кое ќе го одразува името. Други предложени активности: ● Изберете класично божество и напишете CV во Europass формат за него ● Изберете, истражувајте и анализирајте уметничко дело со класична тематика. Сознанијата до кои ќе дојдат може да ги напишат, на пример, на Padlet ● Изработете Kahoot предизвик со прашања базирани на класична тематика ● Учениците во меѓународните групи гласаат за настан во кој учествува избраното божество. Потоа, тие се организираат и спроведуваат истражување за да изработат презентација/поткаст за митот што го избрале и за уметничките дела во кои тоа се јавува ● Се изработува е-списание со резултати од сите истражувања.
Show more
Collaboration
Collaboration
Добра комуникација меѓу меѓународните тимови е од клучно значење за успехот на проектот. Во таа насока, користењето на TwinSpace со различните можности што ги нуди (форуми, Twinbord, гласање) обезбедува одлична поддршка за непречена комуникација. Пример за активност овде е пресоздавањето на некое уметничко дело со митолошка тематика базирано на Предизвикот на музејот „Гети“ (Getty). Учениците избираат уметничко дело во кое се претставени некоја приказна или некој лик од грчко-римската митологија. Тие ги пресоздаваат сцената и костимите од оригиналната претстава и се сликаат. Потоа гласаат за омиленото дело. Соработката меѓу меѓународните тимови може да се олесни преку: изработка на заеднички документ за работа на заеднички производ, како на пример поткаст за еден ден во животот на избраното божество, заедничко дело за претставување на митот или финален изглед и изработка на нивното е-списание.
Show more
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment
Има два аспекта што треба да се земат предвид во овој и во кој било друг проект. Првиот аспект е оценувањето на стекнувањето на знаењето и вештините од страна на учениците кои се вклучени во проектот, додека вториот е евалуацијата на самиот проект со цел да се увиди што функционирало добро, а што треба да се подобри во иднина. Преку различните предизвици кои се наметнуваат во текот на проектот се овозможува проверка на стекнувањето на знаењето и се задржуваат мотивацијата и вклученоста на учениците. Користењето на дигитални алатки и на платформата TwinSpace е од непроценливо значење за спроведувањето и завршувањето на проектот, но човечкиот контакт во форма на активни видео-конференции меѓу учениците и наставниците и понатаму е од суштинско значење, особено за задржување на мотивацијата и обезбедување помош за користење на дигиталните алатки на релевантен и промислен начин. Еден од главните начини за оценување на стекнувањето на знаењето и вештините е преку задавање задача на секој од учениците да изработи некаква презентација на материјалите изработени во рамки на проектот. Евалуација на проектот може да се изврши преку онлајн формулар којшто им се испраќа на учениците и на наставниците, а доколку е соодветно, и на родителите. Резултатите потоа се собираат и анализираат за да може да бидат земени предвид при проверката и анализата на проектот. Дисеминација на проектот и на неговите резултати – Веб-страницата на секоја од установите – Социјалните мрежи: YouTube, Facebook, блогови ... (види страница за дисеминација на Twinspace) – Предизвикот на музејот „Гети“ (Getty) овозможи дисеминација на проектот и вклучување на сите ученици и образовни тимови од различните установи – Учеството во натпреварот и на други ученици, коишто не беа директно вклучени во проектот, овозможи проектот и еТвининг да станат многу познати во различните училишта.
Show more
Follow up
Follow up
Документирањето на проектот е од клучно значење за неговиот успех и овој проект нуди одличен пример за тоа како еден проект може да се документира преку изработка на резиме коешто им е достапно на сите партнери. Дисеминација на проектот и на резултатите од него може да се врши на веб-страницата на секое од училиштата коешто е вклучено, како и на социјалните медиуми по ваш избор. Еден од најдобрите начини е со избирање на страниците од TwinSpace кои сакате да бидат јавно објавени, како на пример, исходот од истражувањето на учениците во овој проект. Со вклучување во активности како што е Предизвикот на музејот „Гети“ се овозможува дисеминација на проектот и вклучување на сите ученици и образовни тимови од партнерските училишта.
Show more

Additional information

  • Age from:
    14
  • Age to:
    16
  • Difficulty:
    Intermediate