Skip to main content
European School Education Platform
eTwinning Kit

eTreeHuggers

Целта на проектот е да се најдат интересни стари дрвја низ Европа и низ светот, како што е најстарото европско дрво Адонис во Грција, и тие да се истакнат како важно природно и културно богатство кое треба да биде почитувано и заштитено. Проектот се фокусира на приказната на таквите дрвја и на нивната поврзаност со луѓето. Првите ГУШКАЧИ НА ДРВЈА (TREEHUGGERS) биле 294 мажи и 69 жени кои ги загубиле животите во обид да ги заштитат дрвјата во нивното село во Индија за да не бидат претворени во суровини за изградба на палата. Тие буквално со своите тела ги штителе дрвјата кога биле нападнати од дрвосечачите. Сепак, како резултат на оваа нивна акција бил донесен кралски указ со кој се забранува сечењето дрвја во кое било село на Бишноите. Сега тие села претставуваат пошумени оази среде пустинскиот пејзаж во таа зона. Во рамките на овој проект, учениците ќе бидат е-ГушкачиНаДрвја (eTreeHuggers) кои ќе ги гушнат дрвјата во својата земја за да ги заштитат.

Objectives
Objectives
• Да се зголеми свеста за интересните дрвја и за историското и природното наследство што тие го претставуваат. • Да се развие разбирање за важноста од зачувување на животната средина и спречување на загадувањето • Да се воведат концептите на почва, растение, шума заедно со истражување на растителните видови што растат во нашата околина • Да се комбинира образованието за животна средина со STEM (природни науки, технологија, инженерство и математика) и со ИКТ алатки • Да се научи како најдобро да се организира кампања за заштита на постојните дрвја
Show more
Introduction of partners
Introduction of partners
Проектот започнува на тој начин што секое партнерско училиште треба да го опише училиштето и природата што го опкружува. Потоа, треба да изберат некое старо дрво во нивната област, регион или земја, и да бараат интересни приказни во врска со тоа дрво. Во следната фаза, секоја паралелка треба да избере дрво што ќе ја претставува. Учениците потоа треба да им дадат имиња на нивните дрвја, да направат фото-сесија со избраните дрвја и да ги претстават нивните приказни заедно со фотографиите во TwinSpace. Во TwinSpace, исто така, може да креирате табела и во неа да ги внесете името на паралелката, имињата на наставниците и видот на дрво што секоја од паралелките го избрала.
Show more
Orientation
Orientation
Креирајте секција со ресурси во TwinSpace и таму поставете ги сите едукативни материјали за да се користат во проектот, како што се линкови, видеозаписи, фотографии, итн., и за да послужат како основа за работа со учениците. Учениците треба да започнат на тој начин што ќе го разгледаат нивното соседство и околината на училиштето за да идентификуваат дрвја. Може да ги фотографираат или да дизајнираат постери кои ќе ги закачат на дрвјата за да ги опишат и да ги заштитат од опасност. Со вклучување на различни наставни предмети, учениците може да реализираат некоја или пак да ги реализираат сите следни активности: Дрвјата и математиката: Најдете дрво и избројте колку ученици се потребни за да се гушне тоа дрво. Извршете мерења кај дрвјата и споредете ги. Избројте ги годовите кај стари дрвја за да ја одредите нивната старост. Претставете ја староста на старите дрвја во временска рамка како оваа со помош на PadletДрвјата и STEM (природни науки, технологија, инженерство и математика): Помогнете ѝ на НАСА да ги мери дрвјата со помош на вашиот паметен телефон Дрвјата и животната средина: Организирајте садење дрвја во дворот на училиштето или во запуштени подрачја Дрвјата и јазикот: Може да напишете заедничка приказна како оваа со помош на FLIPHTML5 Дрвјата и географијата: Барајте стари дрвја низ Европа и низ светот и претставете ја нивната локација на мапаПредизвик со гушкање: Ајде да гушкаме дрвја како предизвик за во Гинисовата книга на рекордиЗапис: Радио-емисија или поткаст за важноста на зачувувањето на дрвјата И на крај, организирајте Натпревар на дрвја каде родителите, учениците и заедницата ќе гласаат за нивното омилено старо дрво за тоа да учествува во натпреварот за Европско дрво на годината со избраниот финалист.
Show more
Collaboration
Collaboration
КОМУНИКАЦИЈА Комуникацијата меѓу наставниците е од суштинско значење во вакви проекти и редовните видео состаноци треба да бидат составен дел уште од самиот почеток, со заеднички простор за работа и коментирање на текот на одвивање на проектот. Во зависност од возраста на учениците, овој начин на комуникација може да биде проширен и да ги опфати и нив. Учениците ги фотографираат околината и избраните дрвја. Фотографиите се поставуваат на TwinSpace и секоја паралелка може да коментира директно во TwinSpace, или пак може да се организира видео-конференција меѓу паралелките на која учениците ќе го претстават сработеното, а другата паралелка може да поставува прашања. СОРАБОТКА Во рамки на оригиналниот проект „eTreeHuggers“, училишните тимови работеа на неколку заеднички проекти. На пример, за време на Европската недела на кодирањето, секое училиште изработи лавиринт низ кој еден „Beebot“ мораше да помине за да спаси некое дрво во опасност. Сите шеми на лавиринти беа објавени на TwinSpace и секоја паралелка можеше да ја избере шемата на друга паралелка и да работи со неа. Околу декември, паралелките може да изработат онлајн Божиќен календар при што секоја паралелка може да даде свој придонес во различен дел. Работејќи на различни аспекти од темите, учениците може да напишат/нацртаат/илустрираат различни страници што би биле вметнати во е-Книга како оваа. Создавањето заедничка временска рамка е уште една активност која може да се реализира преку соработка. Во зависност од возраста на учениците, сите овие активности може да имаат високо ниво на соработка меѓу учениците со покренување работа во меѓународни тимови.
Show more
Evaluation & Assessment
Evaluation & Assessment
Евалуацијата се спроведуваше со помош на алатки за изработка на онлајн прашалници, како што се Microsoft, Google forms или Survey Monkey, и овие анкети може да се користат за различни аспекти од проектот, и со наставниците, и со учениците. На пример, од нив може да биде побарано да ја оценат нивната омилена активност и да се осврнат на она што сметаат дека го научиле. И родителите може да бидат анкетирани за да ги изнесат нивните ставови за вклучувањето на нивното дете во проектот. За презентирање на резултатите од ваквите евалуации, најдобро е да се напише кратко резиме за наодите, односно што функционирало добро, што би можело да се подобри, итн., наместо само да се копираат и залепат резултатите од анкетата. Оценувањето може да се врши на повеќе начини во зависност од возраста на учениците. За оние ученици кои се многу мали, во оваа верзија на проектот наставниците изработија работен лист во кој учениците требаше да ги нацртаат дрвјата и животните од нивната околина. На крајот од проектот, тие подготвија друг работен лист и побараа од нив повторно да ги нацртаат дрвјата и животните од нивната околина. Оваа активност може да биде проширена и да ја вклучува околината на партнерското училиште или кој било друг дел од светот што бил спомнат во рамки на проектот. Вториот пат би требало да се добијат многу побогати информации. Во однос на поголемите ученици, може да побарате од нив на крајот од проектот да го изберат нивното омилено старо дрво и место, а потоа тие може да се послужат со некој од ресурсите на readwritethink.org за да го образложат својот избор.
Show more
Follow up
Follow up
Документирање: Сите аспекти од проектот се добро документирани во TwinSpace, со одделни страници за секој месец од проектот, со јасно наведени инструкции за секоја активност планирана за секој месец. За секоја активност има соодветна папка со она што било сработеното од учениците. Конечните резултати се презентираат на посебна страница на TwinSpace со јасно објаснување за секој од нив. Има и страница со ресурси каде сите ресурси и линкови користени во проектот се поставени во организирана табела. И на крај, сите материјали од евалуацијата и оценувањето се јасно претставени на друга посебна страница. Дисеминација: Овој проект учествуваше во натпревар за правење на радио-емисија на веб-страницата на European School Radio. Ова е само еден начин на дисеминација; друг начин би било да ги поканите локалните новинари на информативна сесија со родителите или да ги известите локалните радио-станици за работата на учениците.
Show more

Additional information

  • Age from:
    6
  • Age to:
    19
  • Difficulty:
    Easy