Анкета за промовирање на образование за одржливост
Образованието може да игра суштинска улога во оспособувањето на младите луѓе да ги разбираат и да стекнуваат знаења, вештини и ставови за справување со глобалните предизвици со кои сè повеќе ќе се соочуваат во текот на нивниот живот. Образованието за одржливост се справува со прашања како што се климатските промени, одржливиот транспорт, зачувувањето на културното наследство и се повеќе е застапено во образовните политики и активности на национално ниво и ниво на ЕУ.