
Анкета за училишни програми за менторство
Менторството обично се однесува на процес каде некое искусно лице, во улога на ментор, му помага на друго лице, т.н. менторирано лице, во развојот на конкретни вештини и знаења кои ќе го унапредат професионалниот и личниот раст на менторираното лице. На училишно ниво, можностите за менторство им се достапни на учениците, најчесто со фокус на нивните образовни постигнувања и добивањето социо-емоционална поддршка, како и на наставниците, како на пример во контекст на програми за иницијална обука или континуиран професионален развој.