Skip to main content
European School Education Platform
Peer-reviewed article

еТвининг во наставните практики на наставниците и во практиките на учење на учениците по предметот англиски јазик како странски јазик од аспект на вештините на 21-от век.

Оваа студија имаше цел да ја истражи улогата на еТвининг во наставните практики на наставниците и во практиките на учење на учениците по предметот англиски јазик како странски јазик од аспект на вештините на 21-от век.
Word game
Image: Pexels / Pixabay

Иако за еТвининг се спроведени голем број студии, ова е прва студија во која се истражуваат перцепциите на ерменските наставници и ученици во однос на еТвининг. Во рамки на студијата се изврши и евалуација на улогата на проектите на еТвининг во развивањето на вештините на 21-от век, како што се комуникацијата и соработката, критичкото размислување и решавањето проблеми, креативноста и иновацијата, дигиталната писменост, и особено користењето на алатките од информациската и комуникациската технологија (ИКТ) во наставните практики на наставниците и во практиките на учење на учениците во склоп на предметот англиски јазик како странски јазик. Во студијата учествуваа 16 професионалци во областа на англиски јазик како странски јазик и 67 ученици од различни региони на Ерменија. Сите учесници се претходни добитници на барем една Европска ознака за квалитет и се избрани преку методот на непроизволно наменско избирање примероци.

 

За да се истражи обемното искуство што наставниците по англиски јазик и нивните ученици го имаа со проекти на еТвининг, се користеше истражување со мешани методи. Квантитативните и квалитативните податоци, коишто беа обезбедени преку анкети и полуструктурирани интервјуа, се анализираа дескриптивно и/или се категоризираа во теми. Резултатите покажаа дека еТвининг ги унапредува некои од вештини на 21-от век, како што се соработката и комуникацијата, меѓукултурното разбирање и креативноста и иновацијата. Исто така, овозможува иновативно подучување, дава простор да се слушне гласот на учениците и обезбедува процеси на учење насочени од самите ученици во склоп на вештините на 21-от век. Меѓутоа, студијата би можела да се спроведе на повисоко ниво (на национално и/или на европско ниво) со вклучување поголем примерок. Покрај тоа, освен онлајн анкети и интервјуа, како инструменти за истражување би можеле да се вклучат набљудувања во училницата, за да се увиди како наставниците и учениците работат на конкретна тема, како и интервјуа со учениците. И на крај, идните истражувања би можеле да вклучуваат и наставници од други различни области, а не само наставници по англиски јазик како странски јазик.

 

Студијата дава и некои практични препораки за засегнатите страни. Заради подобрување на еТвининг во однос на опфатот на подучување и/или развивањето на вештините на 21-от век, потребно е тој да се интегрира во националните наставни програми, да се зголеми неговата видливост на национално ниво и да се размисли за нови механизми преку кои ќе се мотивираат поголем број наставници. Разни семинари, работилници, онлајн упатства, конкурси, како и програми за размена, се друг начин како да се негува активното учество на учениците во идни проекти.

 

Клучни зборови: еТвининг, Европска ознака за квалитет, вештини на 21-от век, иновативно подучување.

Автор: Sona Adamyan

 

Преземете го целиот напис (PDF)

 

Овој труд беше испратен на конкурсот организиран во 2022 година и беше рецензиран од надворешни рецензенти. Видете ги овде сите статии избрани во рамки на истиот конкурс.

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

School subjects

Key competences