Skip to main content
European School Education Platform
Practice article

Проекти кои поттикнуваат повеќејазичност во училницата

Со оглед на актуелната криза во Украина, разноликоста во училишната средина и поддршката за повеќејазични педагогии и наставни практики дојдоа во преден план. Како наставниците може да управуваат со училници во кои има поголеми културолошки разлики и притоа да се грижат сите деца да добијат еднакво образование? Во оваа статија ќе разгледаме проекти од разни делови на Европа насочени кон поддршка на инклузијата во училницата на деца во чии домови се зборуваат различни јазици.
hands together
Image: Adobe Stock/Lightfield Studios

Иницијативи за поддршка на инклузијата на децата бегалци во образованието

 

Практичниот прирачник на Европската комисија собира информации и ресурси за земјите членки на ЕУ во однос на инклузијата на раселените деца од Украина во образованието, а тоа се прави со помош на Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР), Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ), претставници на министерствата за образование, организации на засегнати страни, и експерти од Мрежата кои работат на социјалната димензија на образованието и обуката (NESET).

 

Во однос на учењето јазици, во прирачникот се истакнати инспиративни проекти и практики што се спроведуваат низ цела Европа, како што е проектот Binogi, онлајн систем развиен во Шведска чија цел е да им помогне на учениците да добијат пристап до содржината од наставната програма и да ја учат на начин којшто овозможува интегрирано учење повеќејазична содржина. Платформата моментално е достапна на осум јазици и се служи со анимации за давање вовед во модулите во писмена и аудиоформа.

 

Во 2019 година, Фондацијата Руту за интеркултурно повеќејазично образование со седиште во Холандија го покрена проектот „Јазично приспособено училиште“, и оттогаш, проектот се прошири во единаесет училишта во Холандија, едно училиште во Шпанија и едно во Канада. Училиштата што се вклучени изработуваат план за создавање инклузивна и јазично приспособена средина за учење која ги вклучува учениците, наставниците и останатиот кадар. Планот е флексибилен и реалистичен, и овозможува растечки промени согласно сопствените потреби на училиштето.

 

Проектот „Мапирање на интеграцијата на децата бегалци и мигранти (IMMERSE)“ собира податоци од шест земји – Шпанија, Белгија, Германија, Грција, Ирска и Италија – од деца на возраст од 6 до 18 години, и негова примарна цел е да се дефинира нова генерација показатели за интеграцијата и социо-образовната инклузија на децата бегалци и мигранти во Европа. Во рамки на проектот веќе се изработени повеќе публикации засновани на сознанијата, вклучително Збирка на добри практики на национално ниво и на ниво на ЕУ и Извештај за психо-социјалната добросостојба на децата бегалци и мигранти.

 

Европскиот центар за современи јазици (ECML) при Советот на Европа, со поддршка од Европската комисија, разви сет алатки за да им помогне на земјите членки во инклузијата на децата кои бегаат од војната во Украина. На пример:

 

  • Снимка од вебинарот „Поддршка на јазичната интеграција на младите бегалци од Украина“ со корисни совети кои треба да им помогнат на наставниците да ја подигнат свеста за јазиците и која нуди насоки и наставни ресурси за обезбедување пријатна атмосфера погодна за учење.
  • Активности за обука под наслов „Поддршка за повеќејазични училници“ со цел обезбедување пристап до квалитетно образование и помош да се премости јазот во достигнувањата на овие ученици и учениците кои не се од мигрантско потекло.

 

 

Проекти со Европска јазична ознака – Најдобри практики во Европа

 

Естонскиот проект „The Game Club“ зазеде неформален стил на подучување со користење интерактивни игри преку кои се промовира учењето јазици. Центарот за учење преку игри нуди јазични курсеви и за возрасни, и за деца. Исто така, проектот има онлајн програма, „RUS with FUN“, чија цел е подучување на рускиот јазик на пристапен и лесен начин. Програмата користи претходно снимени видеозаписи во кои ученици од разни делови на светот мора да ги погодат зборовите кои се појавуваат во видеозаписот. Проектот „The Game Club“ ја освои наградата Европска јазична ознака во 2017 година.

 

Средното училиште „St Andrew“ (Букурешт, Романија) ја доби Европската јазична ознака за учество во проектот на Еразмус+ под наслов „Cherishing the Past, Building the Future“ („Негување на минатото, градење на иднината“) кој беше со времетраење од 22 месеци и вклучуваше шест основни училишта од Кипар, Италија, Литванија, Полска, Романија и Естонија. Проектот се заснова на разбирање на културното наследство како динамично и партиципативно поле на учење коешто вклучува негување на минатото и водење интеракција со него во сегашноста со цел градење на подобра иднина. Преку практика и комуникација на различни јазици, учениците станаа посвесни за тоа како различните јазици претставуваат главен елемент на нивното национално културно наследство.

 

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Evidence:
    N/A
  • Funding source:
    European Commission
  • Intervention level:
    N/A
  • Intervention intensity:
    N/A
  • Participating countries:
    Belgium
    Canada
    Cyprus
    Estonia
    Germany
    Greece
    Ireland
    Italy
    Lithuania
    Netherlands
    Poland
    Romania
    Spain
    Sweden
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    School Psychologist
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)