Skip to main content
European School Education Platform
Practice article

Зголемување на вклученоста на учениците во образованието од областа на СТЕАМ

СТЕАМ претставува интегриран пристап кон учењето којшто ја комбинира уметноста со областите на СТЕМ (природни науки, технологија, инженерство и математика) и ја користи како влезна точка за насочување на истражувањата на учениците, нивната креативност и решавањето проблеми. Овој мултидисциплинарен пристап промовира родово-инклузивно учење со поттикнување на девојчињата да истражуваат научни теми и со приближување на уметноста до момчињата.
teacher explaining robotics to students
Adobe Stock/Monkey Business

Продолжете со читање за да се запознаете со избрани проекти финансирани од ЕУ кои покажуваат како на интерактивен и привлечен начин да се подучува во областа на СТЕАМ.

 

Ангажирање на учениците околу СТЕАМ

 

Steam Builders“ е тековен проект кој има цел да ги вклучи учениците во активности од областа на СТЕАМ преку најразлични интердисциплинарни методи на настава. Дава приоритет на конкретни животни ситуации пред чистото теоретско учење како метод за вклучување на учениците во темата. Во склоп на проектот се изработија педагошки ресурси кои со помош на историското наследство ги објаснуваат и контекстуализираат математичките и природонаучните концепти. Досегашните резултати од проектот вклучуваат педагошки водич, неформален проспект за образование во областа на СТЕАМ и наставни материјали наменети да им помогнат на наставниците да спроведат меѓупредметен пристап.

 

Проектот „ArtIST“ има цел да развие мултидисциплинарни програми кои комбинираат уметност и технологија, тврди и меки вештини, и деловна и претприемачка обука. Поточно, дизајнира и спроведува модули од мастер ниво кои ја интегрираат уметноста во образованието за иновација, претприемништво и природни науки. Со додавање на овој креативен елемент се помага во осовременување на наставата по предметите опфатени со СТЕМ и се унапредуваат вештините на учениците за решавање проблеми, критичко размислување и комуникација. Флексибилната модуларна структура им овозможува на наставниците и на учениците да комбинираат и поврзуваат модули од СТЕАМ според нивните потреби и интереси. Во рамки на проектот се изработија низа сеопфатни наставни материјали за олеснување на спроведувањето на програмата.

 

 

 

 

Europeana“ претставува онлајн платформа којашто обезбедува дигитален пристап до материјали од европското културно наследство на најразлични теми. Ресурси кои вклучуваат уметнички дела, книги, музика, видеозаписи и весници се бесплатно достапни на веб-страницата и може да се користат за збогатување на учењето во областа на СТЕМ. Блогот „Teaching with Europeana“, исто така, претставува драгоцен ресурс каде наставниците може да разменуваат планови за час и да споделуваат совети и мислења. „Европеана“ има посебен простор за сценарија за учење во полето на СТЕАМ кој содржи детални планови за час и активности за тоа како да се интегрира дигиталното културно наследство во предметите од областа на СТЕМ, како што е математиката.

 

 

 

 

Проектот „IN2STEAM“ беше развиен од CESIE (Центарот за европски студии и иницијативи) со цел да се инспирираат децата од основно образование, особено девојчињата, да се насочат кон кариери во областа на СТЕМ. Проектот им ги обезбедува на наставниците неопходните вештини за подучување на концептите од областа на СТЕАМ на ниво на основно образование. Заедничка тема во овие проекти е развојот на компетенциите на учениците за креативност, критичко размислување и решавање проблеми. Ова се вештини кои ќе ги надополнат нивните технички способности и ќе ги подготват за професионалниот свет на 21-от век. Проектот дава приоритет на родово-инклузивни наставни методи за да се зголеми интересот на девојчињата за предметите од областа на СТЕМ, со оглед на тоа дека жените и понатаму се недоволно застапени во кариерите од областа на СТЕМ. Ресурсите вклучуваат модули за онлајн обука и насоки за наставниците за ефективно воведување пристапи на СТЕАМ во нивната училница.

 

 

 

Инвестирање во едукаторите

 

STEAMonEdu“ има цел да ги унапреди усвојувањето и ефектот од образованието во областа на СТЕАМ преку вложување во професионалниот развој на наставниците. Ги поддржува наставниците преку програми за комбинирана обука или преку нивно учество во заедница на чинители кои можат да разменуваат искуства и да споделуваат најдобри практики едни со други. Проектните резултати вклучуваат прирачник за обука за наставници, водич за образовни практики во областа на СТЕАМ и рамка на компетенции за едукаторите во областа на СТЕАМ.

 

STE(A)M IT“ е прва европска интегрирана рамка за СТЕМ која промовира иновативни и интердисциплинарни пристапи во подучувањето на СТЕАМ. Таа обезбедува програми за обука, алатки и насоки за наставници од основно и средно образование, како и мрежа на кариерни советници на ниво на ЕУ кои треба да им помогнат да промовираат работни места во областа на СТЕМ. Се залага за интердисциплинарен пристап во подучувањето на дисциплините од областа на СТЕМ со цел да се поттикне интересот на учениците за образование и кариера во овие области.

 

Additional information

  • Evidence:
    N/A
  • Funding source:
    European Union
  • Intervention level:
    N/A
  • Intervention intensity:
    N/A
  • Participating countries:
    Belgium
    France
    Germany
    Italy
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

Tags

Digital competence
Science