Skip to main content
European School Education Platform
Practice article

Алтернативни пристапи за иновативно подучување и учење

Нема баш некој скратен пат или магичен трик за да ја направиме училницата поиновативна. Иновацијата може да биде дел од малите избори кои наставникот ги прави, или пак дел од поширокиот контекст во кој се одвива учењето.
Illustration: Colourful lightbulb
Adobe Stock / CROCOTHERY

Во оваа статија ќе разгледаме некои педагошки пристапи, кои не значи дека се нови, но кои можат да направат разлика за учениците ако правилно се користат.

Сплотено (отелотворено) учење

Сплотеното (отелотворено) учење ја истакнува вклученоста на целото тело во процесот на учење, вклучувајќи ги умот, телото, физичкото делување, спознавањето и емоциите. Сплотеното учење може поемоционално да ги вклучи учениците отколку што тоа може да го направи седечката средина. Физичките активности можат да имаат позитивно влијание врз способностите за спознавање и врз исходот од учењето на учениците.

 

Проектот ENABLES се фокусира на развивање дистрибуирано лидерство во училиштата преку сплотени активности и активности засновани на уметност. Проектот предлага различни методи, вклучително колажи и сплотено движење, креативно пишување и размислување, драма и импровизација, и вињети.

 

Еден друг проект, насловен INTELed, користи сплотено учење и мултисензорни техники за инклузивно образование. Главни резултати од проектот се прирачник за обука, збирка на најдобри практики и онлајн база на ИКТ мултисензорни игри.

 

 

Адаптивно учење

 

Адаптивното подучување ги зема предвид силните страни и потребите на сите ученици. За разлика од диференцијацијата, која се фокусира на индивидуални ученици, адаптивното подучување се фокусира на целата паралелка/клас. Тоа треба да создаде можности за сите ученици да искусат успех, на пример, со ефективно групирање на учениците, со преформулирање на прашањата за да се обезбеди поголема поддршка, или со обезбедување дополнително воведно подучување.

 

Проектот AILE има цел да обезбеди технолошка алатка која може да се приспособи на потребите на секој ученик. Алатката се заснова на начелата на Универзалниот дизајн за учење. Спроведувањето на оваа алатка им помага на наставниците да создадат наставна програма по мерка на барањата на учениците, користејќи една единствена платформа.

 

 

http://aile-project.com/la-plateforme/

 

 

 

Активно учење

 

Клучното начело овде е наставните методи да бидат фокусирани на ученикот, вистински да ги вклучуваат учениците во процесот на учење и да ги поттикнуваат да го достигнат својот потенцијал за време на часовите. Улогата на наставникот е да создаде можности за учениците да го остварат својот потенцијал во училницата. Активното учење честопати може да биде поддржано со иновативно дизајнирани простори за учење.

 

Проектот Novigado ги поддржуваше училиштата и наставниците во процесот на транзиција од традиционална училница кон флексибилни простори за учење преку активно учење и наставни методи фокусирани на ученикот. Во негови рамки се изработи програма за обука која им помага на училиштата да ги применат начелата на активно учење, обезбедувајќи насоки за флексибилни средини за учење и алатка за сценарија за учење.

 

Покрај тоа, проектот 2Smile нуди перспектива за учење фокусирана на ученикот која предлага различен пристап кон процесот на учење и ја објаснува функцијата што во него ја има секој од чинителите. Оваа нова перспектива применува стратегија на ниво на цело училиште, каде што сите страни се вклучени во образовниот процес со холистички стил на размислување, а учениците се во центарот на процесот на учење.

 

 

 

Комбинирано учење

 

Во формалното образование и обука, терминот „комбинирано учење“ се однесува на ситуација во која училиштата, наставниците или учениците се служат со повеќе од еден начин на подучување или учење. Може да се комбинираат повеќе дигитални и аналогни алатки за учење, како и физички простори од типот на локации во природа, историски или културни локации, фирми, и така натаму.

 

Проектот SMART-MT успеа да ги подобри слабите резултати на учениците по математика обезбедувајќи им атрактивни дигитални алатки за учење. Проектот имаше пристап на комбинирано учење со користење методи на превртена училница, микроучење, игрификација и отворени образовни ресурси.

 

Проектот FERTILE поддржува методи на современо подучување кои вреднуваат интердисциплинарно учење преку спојување на уметничкиот израз со образовната роботика со цел развивање компјутерско размислување во средина со комбинирано учење.

 

 

 

 

 

Additional information

  • Education type:
    Early Childhood Education and Care
    School Education
  • Evidence:
    N/A
  • Funding source:
    Erasmus+ programme
  • Intervention level:
    N/A
  • Intervention intensity:
    N/A
  • Participating countries:
    Belgium
    Cyprus
    France
    Latvia
    Lithuania
    Poland
    Portugal
    Romania
    Spain
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Early childhood education (ISCED 0)
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)

Tags

Blended Learning
Learning space
Non-formal learning

School subjects

Informatics / ICT
Technology

Vocational subjects

IT

Key competences

Digital
Technology and engineering