Резултатите од анкетата со наставниците во однос на вештачката интелигенција ѝ помагаат на Европската комисија во развојот на етички насоки

Консултација со едукаторите за користењето ВИ и податоци во подучувањето и учењето
Во 2022 година, Европската комисија покрена процес на консултации поврзани со спроведувањето на Акцијата 6 „Етички насоки за едукаторите за користење ВИ и податоци во подучувањето и учењето“ како дел од Акцискиот план за дигитално образование 2021-2027. Во текот на консултативниот процес, разни чинители споделија повратни коментари и предлози за содржината на Насоките, вклучително наставници од основно, средно и од стручно образование, останат образовен кадар и истражувачи од сите делови на Европа, со цел насоките да бидат што е можно порелевантни, подостапни и покорисни.
Онлајн анкетата се состоеше од 22 прашања за искуствата на испитаниците со користењето ВИ во подучувањето и обуката, како и нивните преференции во однос на Насоките. Резултатите ни откриваат дека наставниците кои работат во средно образование и имаат повеќе од 20 години професионално искуство покажуваат поголем интерес за темата, како и наставниците кои работат во Италија, Португалија, Хрватска, Романија, Холандија и Грција.
Примена на ВИ во образованието
Она што е интересно е дека 60 % од испитаниците не беа сигурни дали некогаш користеле ВИ, додека најголем дел од нив сметаа дека главната улога на ВИ е да даде поддршка во подучувањето. Сепак, тие би очекувале ВИ да им помогне во проценување на наученото, автоматско оценување и адаптивно учење, додека искажаа помал интерес за контролни табли, четботови или административни процеси (запишување, отсуства, итн.).
Предизвици за ВИ во образованието
Наставниците изразија голема загриженост за етичките аспекти, го истакнаа недоволното познавање на релевантната регулаторна рамка и побараа повеќе обуки на овие теми: што претставува ВИ, како да се изберат алатки за ВИ и како да се испланираат часовите, и како тоа да им се објасни на чинителите. Досега, најголем дел од училиштата не размислувале за користење ВИ. Во однос на очекувањата од Европската комисија, поголем дел од испитаниците побараа сет студии на случај/добри практики, рамка на компетенции и листа на ресурси.
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Government / policy makerHead Teacher / PrincipalICT CoordinatorTeacher