Skip to main content
European School Education Platform
News item

Онлајн конференцијата за еТвининг училишта доаѓа во декември!

Придружете се на онлајн конференцијата на 7 декември 2022 година за да ги слушнете интересните излагања посветени на инклузивни и иновативни образовни установи!
eTwinning Schools Conference

Овогодишната конференција за „еТвининг училиштата како инклузивни и иновативни образовни установи“ ќе се одржи од 7 до 9 декември 2022 година. Случувањата во текот на првиот ден, односно во среда на 7 декември, ќе се емитуваат во живо и ќе им бидат достапни на сите – нема потреба од регистрација! 

 

Училиштата што ја имаат ознаката за еТвининг училиште се одличен пример за тоа како целото училиште може да има придобивки од еТвининг. Тие се активни во спроведувањето и промовирањето на вредностите и педагогијата на еТвининг, претставуваат референтна точка за локалните заедници, како и модел за другите училишта. Годишната конференција ги обединува на едно место училиштата и училишниот кадар од над 5.000 училишта од земјите учеснички во еТвининг. 

 

Во текот на првиот ден од конференцијата, учесниците ќе бидат запознаени со контекстот на конференцијата преку двоен пристап, односно преку придонес од аспект на политиките и од аспект на педагогијата. Агендата вклучува: 

 

  • Поздравно обраќање на Аналиса Канони од Европската комисија. Во воведниот говор ќе се дискутира за неодамнешните иницијативи на ЕУ за поттикнување инклузија во училишното образование.  
  • Говорникот Мајлс Медисон ќе го има првото главно излагање во кое ќе се фокусира на политики и иновативни практики од инклузивни установи.
  • Второто главно излагање ќе го има Наоми Ван Стапел која ќе се фокусира на улогата на партнерствата помеѓу учениците и наставниците во градењето инклузивни образовни установи.

 

 

Вториот и третиот ден од конференцијата ќе може да ги проследат само учесниците кои ќе се регистрираат. 
  
Приклучете се на преносот во живо од отворањето на конференцијата на 7 декември 2022 година од 15:00 часот по средноевропско време.

 

Приклучете се преку следнава врска

Additional information

  • Education type:
    School Education