Skip to main content
European School Education Platform
News item

Girls Go Circular: давање поттик на девојките во науката и технологијата

Girls Go Circular е бесплатна програма за онлајн учење која има за цел да им помогне најмалку на 40 000 девојки во училиштата на возраст од 14-19 години да научат дигитални и претприемачки вештини до 2027 година.
young girl
Adobe Stock / metamorworks

Како дел од Eвропскиот Акционен План за Дигитално Образование на Европската Комисија, проектот цели да помогне да се затвори родовиот јаз во дигиталниот и претприемачкиот сектор во Европа.

 

Простор за Циркуларно Учење (CLS) на проектот претставува платформа за онлајн учење која содржи модули фокусирани на теми од циркуларната економија како што се металите, пластиката, одржливата мода или електронските уреди. Модулите ги предизвикуваат учениците да користат дигитални алатки за да ги комплетираат задачите. Фокусот на циркуларната економија ги поттикнува учениците да бидат агенти на промена во социо-еколошката транзиција.

 

Преку 14 000 ученици и наставници учествуваа во програмата од нејзиното стартување во 2020 година. Моментално е достапна на 12 европски јазици и ќе биде достапна на 12 дополнителни ЕУ јазици во следните две години.

Зошто тоа е важно?

 

Според Жени во Дигиталниот Семафор 2021 на Комисијата, жените претставуваат само една третина од STEM дипломираните и 19% од ИКТ (Информациска и комуникациска технологија) специјалистите. Рушењето на родовите стереотипи и подигнувањето на свеста за можностите кои STEM дисциплините ги нудат е од суштинско значење за промената на тековната перцепција на дигиталната индустрија и STEM дисциплините помеѓу девојките и младите жени.

 

Што има за наставниците?

 

Со помош на Girls Go Circular, вие можете:

  • да придонесете за целите на политиките за родова разновидност на ЕУ давајќи им на девојките дигитални и претприемачки способности;
  • да ги поддржите учениците во разбирањето на улогата на STEM дисциплините во соочувањето со предизвиците на одржливост;
  • да дискутирате за родова еднаквост со учениците и да им помогнете да ја разберат важноста на затворањето на родовиот јаз.

 

Погледнете сведоштво на наставник тука:

 

 

 

 

Како да се придружам?


CLS е алатка со отворен извор – секој може да креира сметка и да започне со учење. Може да го консултирате практичниот  водич за наставници за повеќе информации за тоа како да се вклучите.

 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Government / policy maker
    Head Teacher / Principal
    ICT Coordinator
    Student Teacher
    Teacher
    Teacher Educator
  • Target audience ISCED:
    Primary education (ISCED 1)
    Lower secondary education (ISCED 2)
    Upper secondary education (ISCED 3)

Tags

Digital competence
Digital tools
Science

School subjects

Mathematics / Geometry
Natural Sciences
Physics

Key competences

Digital
Maths and science