Skip to main content
European School Education Platform
News item

eTwinning community rallies around Ukrainian teachers and students

Актуелната војна во Украина и суровата реалност што го снајде украинскиот народ донесоа тага насекаде низ светот. Заедницата на еТвининг реагираше солидарно за да им покаже на украинските ученици, родители и наставници дека ситуацијата во Украина нè засега сите нас и дека сите ние се залагаме за ставање крај на конфликтот.
eTwinning Ukrainian Group Activities

Преку групата покрената од заедницата под наслов „еТвининг ја поддржува Украина: активности за солидарност водени од заедницата“, еТвинерите се обединија и се здружија преку активности за солидарност, испраќаа пораки за поддршка до оние кои се засегнати и го покажаа своето длабоко и заедничко верување во хуманитарните начела. 

 

Тие изработија повеќејазичен облак со зборови за солидарност за Украина каде сите зборови беа поврзани со концептот на солидарност и испратија мултимодални пораки за мир и демократија. Учениците изработија цртежи, хартиени птици и сувенири за украинските ученици, додека наставниците им читаа украински народни приказни за да ги одбележат нивните обичаи и традиции. Учениците им пишуваа писма на нивните украински другарчиња и на креативен начин ги охрабруваа.  

 

Наставниците кои згрижуваат / згрижуваа ученици бегалци ја означија својата локација на мапата за одржување контакт за украинските ученици бегалци и наставниците кои ги згрижуваат, разменувајќи информации и идеи. Украински наставници и еТвинери од сите делови на Европа додаваа фотографии и новости за акти на солидарност во Европа и насекаде низ светот. 

 

На почетокот од септември се организираше еТвининг настан за олеснување на почетокот на учебната година за украинските ученици кои би биле згрижени во други земји. Во објава на Padlet под наслов  „Европска помош за младите Украинци и Украинки“, Валентина Гаталска, украинска еТвинерка, побара од наставниците во Европа да ги споделат своите искуства со подучување украински ученици. Таа праша каква помош би им била потребна за тие активно да ги вклучат овие деца во нивните училишта и посочи дека украинските наставници стојат на располагање да дадат свои совети. Беше споделен „Wakelet“ каде наставниците можат да го покажат својот ангажман и да ја прикачат својата тековна работа. 

 

За време на Неделите на еТвининг, на 19 октомври 2022 година, грчката Национална организација за поддршка во соработка со кипарската Национална организација за поддршка организираше онлајн настан посветен на инклузија и на проекти на еТвининг кои интегрирале активности за солидарност за Украина, споделувајќи ги активностите координирани од групата покрената од заедницата. Никос Лекос, експерт и училиштен советник од Кипар, се фокусираше на темата инклузија и на начинот на кој таа може да се промовира преку проектите на еТвининг. Две грчки еТвинерки, Катерина Кириакиду и Атанасија Зафеиропулу, ги презентираа активностите за транснационална солидарност што ги реализираа во рамки на нивните еТвининг проекти.

 

Заедницата на еТвининг по пат на соработка промовира култура на активно вклучување во општеството и градење инклузивни и мирни демократски општества. Емпатијата и солидарноста се камен-темелник на мирот и се основа на образованието и на нашата еТвининг заедница.

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Not-for-profit / NGO staff
    Parent / Guardian
    Pedagogical Adviser
    Teacher