Компетенција за претприемништво: всадување креативност и иновација помеѓу европската младина

Претприемништвото како доживотна вештина
Сите ние ги цениме креативноста, критичкото размислување и решавањето проблеми, како и упорноста и преземањето иницијатива – сите тие се важни составни елементи на иновацискиот менталитет. Претприемништвото, како една од клучните компетенции за доживотно учење на Европската комисија, ги опфаќа сите овие квалитети, како и многу други. Се состои од разновидни знаења, вештини и ставови кои се применливи во образованието, но и во професионалниот и во личниот живот, како што е објаснето во Рамката ЕнтреКомп.
Претприемништво во училиштата
Сознанијата од една анкета (2022) покажуваат дека компетенциите за иновација и претприемништво во најголем дел од случаите се интегрираат во наставната програма преку меѓупредметен пристап (55%) и како одделен предмет (36%). Речиси 80% од испитаниците изјавиле дека и на двете компетенции треба да се стави поголем акцент на училишно ниво. Како најефективни практики за развивање на овие компетенции биле посочени вонучилишните активности кои ги поврзуваат учениците со локалната заедница или со фирмите, лабораториите за иновации кои ги вклучуваат учениците во истражувачки проекти, како и меѓународните проекти.
Примери за проекти на добра практика кои поттикнуваат претприемништво
„EnterSchoolMinds“ имаше цел да им помогне на учениците да ги развијат вештините поврзани со претприемачкиот менталитет, со фокус на наставниците, учениците и на родителите. Исходите од проектот вклучуваат шеми за сертификација, материјали за обука и збирки алатки.
Мрежата на претприемачки училишта (NES), меѓу другото, изработи сеопфатен проспект со ресурси и алатки за основните училишта.
Проектот „KidVenture“ создаде компјутерска игра за учење за децата да учат за претприемништвото.
Дополнителни ресурси
- Webinar: Creativity and entrepreneurial education
- Webinar: Entrepreneurship and problem solving
Additional information
-
Education type:School Education
-
Target audience:Head Teacher / PrincipalStudent TeacherTeacherTeacher Educator
-
Target audience ISCED:Primary education (ISCED 1)Lower secondary education (ISCED 2)Upper secondary education (ISCED 3)