Skip to main content
European School Education Platform
News item

Резиме на годишна конференција

Годишната конференција за еТвининг училишта, којашто се одржа од 7–9 декември, ги запозна учесниците со инклузивните и иновативните практики на еТвининг училиштата.
eTwinning Schools Annual Conference

Аналиса Канони, службеничка за политики за намалување на појавата на предвремено напуштање на образованието и на слабите постигнувања при Европската комисија; Генерален директорат за образование, млади, спорт и култура; Млади, образование и Еразмус+; Јазици и повеќејазичност, ја отвори конференцијата истакнувајќи ги неодамнешните иницијативи на ЕУ за поттикнување инклузија во училишното образование. 

 

Мајлс Медисон, првиот главен излагач, зборуваше за политиките и за иновативните практики на инклузивните организации. Медисон има 25-годишно искуство во помагање државни и европски меѓународни училишта да негуваат инклузивна атмосфера и соработка во рамки на своите училници и организации. Истакнувајќи го фактот дека инклузивните училишта наложуваат доброартикулирани политики, Медисон објасни како училиштата треба постојано да ги ажурираат содржината, методите и пристапите со цел да ја одржат својата инклузивност. Според Медисон, инклузијата претставува верувања и вредности применети во практика.


Вториот главен излагач, Наоми ван Стапел, зборуваше за улогата на партнерството меѓу учениците и наставниците во рамки на инклузивните образовни организации. Стапел, којашто е професорка по инклузивно образование на Хашкиот универзитет за применети науки, зборуваше за тоа како учениците и наставниците можат да преговараат за споделување на одговорноста во училницата во спроведувањето инклузивни политики. 


Вториот ден од конференцијата беше отворен со главно излагање за улогата на саморегулираното учење во зголемувањето на инклузијата. Д-р Јелтсен Питерс, соосновач на Колективот за саморегулирано учење, зборуваше со наставниците за тоа како тие може да им помогнат на учениците да ги негуваат вештините за саморегулирано учење. 


По главното излагање следеа две работилници. Темите опфаќаа учење засновано на проекти и учење засновано на проблеми, како и засилување на учењето со помош на методот на превртена училница. 


Последниот ден од конференцијата беше отворен со главното излагање на Централната служба за поддршка на еТвининг во однос на инклузивните и иновативните практики на еТвининг училиштата. Ирене Патераки и д-р Николаос Муратоглу ги презентираа главните практики на инклузивните училишта, како што се политиките, професионалниот развој на наставниците и активностите од наставната програма. 


По главното излагање, учесниците добија можност да работат заедно и да ги идентификуваат потребите на своите училишта со цел да внесат позитивни промени. По дискусијата во групи, учесниците им ги претставија своите предизвици и идеи на останатите учесници. 

Additional information

  • Education type:
    School Education
  • Target audience:
    Head Teacher / Principal
    Teacher

Tags

eTwinning community
eTwinning conferences
eTwinning Schools

School subjects