
Резултатите од анкетата со наставниците во однос на вештачката интелигенција ѝ помагаат на Европската комисија во развојот на етички насоки
Резултатите од една неодамнешна анкета покажуваат дека активните наставници имаат поголем интерес (82 %) за вештачката интелигенција (ВИ) и за податоците во образованието отколку другите образовни чинители. Меѓутоа, резултатите, исто така, ни откриваат дека речиси никој од наставниците не е вклучен во одлучувањето за изборот на алатки за ВИ и податоци, ниту во однос на нивната употреба во образованието.