Skip to main content
European School Education Platform

Европска награда за иновативна настава

Европската награда за иновативна настава ги истакнува иновативните практики на подучување и учење развиени во рамки на европски проекти за соработка во полињата на училишно образование и иницијално стручно образование и обука. Иницијативата се надоврзува на програмата Еразмус+. 


Секоја година се доделуваат најмногу до четири награди по земја членка на Програмата Еразмус+, по една за секоја од следниве категории:

 

  • предучилишно образование и грижа 
  • основно образование 
  • средно образование и
  • училишта за стручно образование и обука. 

 

Секоја година се дефинира сеопфатен тематски фокус применлив за сите возрасни групи и во согласност со приоритетите на Европската образовна област.

 

Во 2023 година, годишната тема на EITA е „Образование и иновации“ во врска со Европската година на вештини. Годишната тема го истражува воведувањето на постоечките и новите технологии во современите образовни системи. Ова особено вклучува вештачка интелигенција, роботика, кодирање, програмирање, виртуелна реалност и претприемништво.

 

Националните агенции за Еразмус+ се задолжени за избор на победничките проекти преку директен избор на добитниците, утврдување потесен круг на потенцијални добитници, или објавување јавен повик. За попрецизни информации за процесот на селекција во вашата земја, погледнете на веб-страницата на вашата Национална агенција.

 

Дознајте повеќе: Европска награда за иновативна настава