Како да изберете курс за обука на наставници во странство
Учеството во курсеви за професионален развој е една од најпопуларните активности за мобилност на кадарот наменета за наставници и друг училиштен кадар во рамки на Клучната акција 1 (KA1) од Програмата на Еразмус+.
Каталогот со курсеви на Европската платформа за училишно образование содржи голем број курсеви со физичко присуство, но пред да навлеземе во тоа, одвојте малку време и прочитајте ги следниве совети.
1 – Дознајте ги основните работи: содржина на курсот, локација и времетраењето
Јасен опис на содржината, целите, целната публика и времетраењето на курсот е основата при избирањето курс. Исто така, внимателно проверете ги информациите за цената на чинење на курсот за обука и што е вклучено во неа (на пр. оброци, сместување и/или програма со друштвени активности).
Проверете дали курсот се спроведува правилата за квалификуваност опишани во Водичот за Програмата Еразмус+.
2 – Како да изберете организатор на курс
Курсевите со физичко присуство ги спроведуваат независни организации. Тие не се валидирани, ниту претходно проверени. Избирањето на организаторот на курс е исклучива одговорност на училиштето или на конзорциумот. Европската комисија не презема никаква одговорност или обврска во однос на содржината, спроведувањето или управувањето со курсот.
Начелно, од сите организатори на курсеви се бара да се придржуваат до стандардите за квалитет на курсевите во рамки на Клучната акција 1, а училиштата ги повикуваме да ги користат овие стандарди како контролна листа пред курсот, за време на неговото спроведување и по неговото завршување.
Ако имате прашања во однос на некој организатор на курсеви, може да стапите во контакт со вашата Национална агенција задолжена за Еразмус+ и да проверите дали тие имаат некакви информации. Воедно, може да ги проверите рецензиите и коментарите оставени од претходните посетители на курсот.
3 – Курсеви за обука кои ќе ви помогнат со проектните цели
Изберете курс којшто ќе им овозможи на учесниците да стекнат иновативни и практични стручни вештини. Избраниот курс мора да ви помогне во остварувањето на целите од вашиот проект во рамки на KA1 и потребите за професионален развој утврдени во него.
При избирањето на курсот, размислете за аспекти како што се следниве:
- баланс помеѓу теорија и практика (практични активности),
- опсегот на методи користени за ангажирање на учесниците,
- флексибилност од аспект на потребите на учесниците (на пр. нивоа на компетентност, посебни точки на интерес),
- соодветно користење ИКТ при спроведувањето на курсот,
- искуството/квалификациите на предавачите.
Исто така, проверете дали курсот вклучува активности пред и по неговото спроведување преку кои учењето може да се прошири во рамки на подолг временски период и максимално може да се искористат придобивките од курсот.
4 – Европска димензија: додадената вредност на европските курсеви
Европскиот курс е одлична можност за наставниците да се запознаат и да остварат контакт со колеги од различни земји. Генерално, колку повеќе националности учествуваат на курсот, толку е побогато искуството од курсот.
Добриот курс ги охрабрува учесниците да споделуваат и разменуваат најдобри практики, што придонесува за пошироко разбирање на образованието низ Европа. Ова воедно значи и дека училиштата не треба да испраќаат големи групи на ист курс.
Проверете кај организаторот на курсот дали курсот вклучува учесници од други земји и како се организира споделувањето на практиката.
5 – Не заборавајте на сертификатот!
Добивањето соодветен сертификат од курсот е корисно за развојот на кариерата на учесниците. Организаторот на курсот мора да обезбеди сертификат за учество, а се охрабрува и користењето на Europass Mobility: учесниците треба да го побараат документот за Europass Mobility од нивниот Национален центар за Europass, кој потоа треба да биде пополнет од организаторот на курсот.
6 – Други работи што треба да ги имате предвид
Исто така, би било корисно да дознаете:
- Дали предвид се земени посебни потреби (на пр. намалена мобилност) (доколку е потребно)?
- Како организаторот на курсот води сметка за одржливоста?
- Дали местото на одржување на обуката и обезбедената опрема се во согласност со ветената содржина?
- Дали процедурата за аплицирање за курсот е лесна и едноставна?
- Дали за учесниците се организирани програми за дружење и културни програми?
- Каква е политиката за откажување на организаторот на курсот? На пример, ако курсот биде откажан или презакажан, или ако училиштето треба да направи измени во своите резервации?
Дали сте подготвени да барате курс? Погледнете во
Further reading
Additional information
-
Target audience:TeacherStudent teacherSchool leaderTeacher educator
-
Education levels:Primary, Lower secondary, Upper secondary - School education